Connect with us

Радовиш

Интервју со Леон Фенов, млад радовишанец кој веќе го има новиот „ХИТ“

Avatar

Published

на

Последниот спот на младиот радовишанец Леон Фенов е на добар пат да стане хит како што е и насловот на песната „ХИТ“. Само за два дена спотот има голема гледаност и го привлече вниманието на јавноста, посебно кај младите.

Mediapress.mk направи едно кратко интервју со Леон, за подобро да го запознаеме.

Леон, деновиве се појави твојот спот „ ХИТ“ кој го привлече нашето внимание. Дали ова е твој прв спот и од кога се занимаваш со музика?

             -Ова е мој втор спот или видео запис. Првиот спот мие во соработка со Loyal, песната е насловена „Инквинзиција“ и е извадена пред една година. Loyal е артист од групата Тврда Основа исто така од Радовиш. А за песната ХИТ можам да кажам дека ми е прв соло спот. Инаку со музика се занимавам од 2013 година.

Кој се ти помогна да го реализираш овој спот, или работиш самостално?

            -За песната ХИТ за видео и аудио се вклучени повеќе личности, како видео – Сашко Петров, аудио, мих мастер – Vlado yo, снимена во Euphoria record, и голема поддршка од Мирче Василев од Аdrenalin muay thai club. Текст – Леон Фенов (Leon DTN).

Што те инспирира да го направиш овој спот и кој го пишуваше текстот за песната?

             -Инспирација за спотот ми беше да и дадам поголемо значење на песната и да инспирирам други млади деца на локално ниво, бидејќи реално во последно време се помалки креативци гледам. Текстот на песната е лично мој, како и за сите досегашни мои песни

Кој е Леон Фенов, (кратка биографија)  колку години имаш со што се занимаваш и дали со музика се занимаваш професионално?

              -Имам 25 години и живеам во Радовиш. Со музика се занимавам од љубов и со секој следен проект гледам да звучам што по професионално. Освен пишување на текстови (рапување) исто така се занимавам и со dj-stvo.

Твојот стил е рап музика, колку е тешко да се изведува и дали има иднина рапувањето?

              -Јас би рекол дека не е тешко, кога се работи од душа и со многу љубов. Благодарение на социјалните мрежи на денешницата е многу полесно издавањето и слично, за разлика од почетоците пред неколку години.

               Морам да изразам и една голема благодарност до групата Tvrda Osnova до Loyal i detal, кои ме поддржуваат од моите почетоци.

Каде се гледаш во иднина? Те привлекува животот во странство како што повеќето од младите  направија односно заминаа од нашата држава.

               -Не ме привлекува животот во странство барем засега, си ја сакам државата си го сакам градот, ја сакам музиката.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Матеј и Никола од средното училиште од Радовиш, со одлични резултати на државниот натпревар по информатика

Avatar

Published

на

Матеј и Никола од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, со одлични резултати на државниот натпревар по информатика кој се одржа во ФИНКИ.

„На 25 март, во Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје се одржа државниот натпревар по информатика. На натпреварот учествуваа следниве ученици од нашето училиште: Матеј Цветковски – I година (ментор: Василка Митева) Никола Костадинов – IV година (ментор: Славица Атанасова)

Според резултатите од државниот натпревар, и двајцата ученици имаат трета награда.

Ученикот Никола Костадинов е добитник на награда – бесплатно студирање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) за сите 4 години на студии почнувајќи од академската 2023/24 година“, соопштуваат од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула на финалето во Радовиш

Avatar

Published

на

Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула со триумф над Наковски волеј со 3:1 (23:25, 25:18, 30:28, 25:16) во финалето на турнирот во Радовиш.

🇲🇰

Струмичкиот клуб го доби првиот сет, но актуелните првенки направија пресврт и на крајот му се израдуваа на пехарот притоа недозволувајќи Наковски волеј да се реваншира за поразот во финалето пред две години.

Стојанова освои 17 поени, Баталаковска имаше 16, исто колку и Ѓурѓевиќ.

Кај Наковски волеј, најефикасна беше Љиља Ковачевиќ со 13 поени, Хаџи-Тосева заработи 11, а Милева 8, но тоа не беше доволно струмичанки да ја освојат првата сениорска круна.

 Директорката на спортската сала 25-ти Мај во Радовиш, ги сумира впечатоците и резултатите од целиот настан и притоа е задоволна од организацијата, изразувајчи благодарност во сите овие кои активно беа вклучени во самата органзиација.

Арсова изразува благодарност и до Македонсктата радио телевизија- (МРТВ) за преносот во живо, на македонскиот одбојкарски куп . Таа најавува дека за неколку дена повторно ќе се случи голем настан во спортската сала во Радовиш, од областа на музиката.

Прочитај повеќе

Радовиш

Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп во финалето во Радовиш

Avatar

Published

на

Викендот се одржа големото финале на македонскиот одбојкарски куп, во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш,голем спортски настан после многу години  кој  три дена ја брануваше радовишката спортска јавност.

Шести пат по ред, а вкупно деветти, Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп. Во финалето во Радовиш, актуелниот првак беше доминантен и славеше над Градси Одбојкарски Клуб „Борец“  од Велес, со 3:0 (27:7, 25:23, 25:18), на тој начин освојувајќи го 18-от пехар во клупските витрини.

Владо Милев имаше 12 поени, Хараба заврши со 11, Алексов со 7, Глобоцки заработи 5, Наков 4, а Ефтим Ричлиев 2.

Кај ГОК Борец најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени.

Прочитај повеќе