Радовиш
Повторно пријава за физичка пресметка помеѓу две лица во Калаузлија
Published
1 година agoна
By
Media PressПовторно пријава за физичка пресметка помеѓу две лица во Калаузлија, случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш.
Имено вчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 11.00 часот во село Калаузлија, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.У.(53) и Џ.М.(37), двајцата од село Калаузлија.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава информира СВР Струмица, ПС Радовиш.
Поврзани содржини
Физичка пресметка помеѓу две лица од село Бучим, радовишко, едниот бил приведен
Пуштено во употреба подрачното училиште во село Калаузлија, Општина Радовиш
Синоќа околу полноќ се случила физичка пресметка помеѓу неколку млади лица на планината Плачковица
Тепачка помеѓу 4 лица во Шаин маале во Радовиш
Тепачка помеѓу 10 Радовишани пред судот во Радовиш
Радовиш
Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна
Published
3 дена agoна
април 17, 2024By
Media PressДолгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.
Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.
Радовиш
Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш
Published
5 дена agoна
април 15, 2024By
Media PressИзложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.
Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.
Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.
Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.
Радовиш
Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш
Published
5 дена agoна
април 14, 2024By
Media PressОпштинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.
Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.
Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.