Радовиш
Работна средба посветена на образованието во Општина Радовиш
Published
1 година agoна
By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска одржа работна средба со директорите на основните општински училишта, средното општинско училиште и детската градинка, со цел континуирано подобрување на условите во образовните установи.
Исто така беше одржана средба на директорот од средното општинско училиште, со компаниите кои даваат поддршка за спроведувањето на дуалното обрааование и новите образовни насоки во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш.
Поврзани содржини
Градоначалникот Ристов го презентира проектот за Градска куќа „Рада“ пред советниците
Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш
Левица -Радовиш денеска заедно со граѓаните на градскиот пазар
Маж и жена физички нападнати во угостителски објект во Радовиш, пријавиле во полиција
Изложбата на авторката Лејла Куртов од Конче пристигнува и во Радовиш
Секојдневна физичка активност, денот го започнува со млеко и мед, тоа е тајната на дедо Ѓорги од Радовиш кој наполни 100 години
Радовиш
Целосна реконструкција на најпрометните улици во Радовиш
Published
1 час agoна
април 20, 2024By
Media PressОпштина Радовиш започна со целосна реконструкција на најпрометните улици во градот, а не крпење на дупки. Денеска се асфалтираше улица Кеј 8-ми септември покрај течението на радовишка река.
Ќе се реконструираат улици во должина од околу 6 километри истакна градоначалникот Ацо Ристов одговарајќи на новинарски прашања и притоа рече дека ова не е предизборна активност и дека станува збор за редовни градежни активности кои ќе продолжат и во наредниот период. Исто така тој рече дека продолжуваат градежните активности и на градскиот пазар.
Радовиш
Градоначалникот Ристов го презентира проектот за Градска куќа „Рада“ пред советниците
Published
1 час agoна
април 20, 2024By
Media PressСо дневен ред од 15 точки денеска беше одржана 47-та седница на Советот на општина Радовиш.
Како една точка од дневниот ред беше и предлог – одлука за одорување на идеен проект за реконструкција со пренамена на Стоковна куќа во мултифункционален и културен центар со музејска поставка на град Радовиш „Рада“ кој го презентираше Градоначалникот Ацо Ристов.
Градоначалникот рече дека објектот пред се ќе биде од јавен карактер и наменет за сите граѓани.
Од страна на Претседателот на Советот на општина Радовиш исто така беа споделени изјавите на двајцата советници Валентина Лазарева и Енис Омер, кои ги имаат поднесено до Советот, како би делувале во иднина како советници. Валентина Лазарева како советник од Демократски сојуз се приклонува кон советничката група на ВМРО – ДПМНЕ а Енис Омер во иднина ќе делува од име на ТДП.
Радовиш
Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна
Published
3 дена agoна
април 17, 2024By
Media PressДолгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.
Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.