Радовиш
Дискусија на седница на Совет на Општина Радовиш, се бара решение на проблемот околу погребалните услуги
Published
2 месеци agoна
By
Media PressНа одржаната 24-та седница на Советот на Општина Радовиш советниците отворија дискусија и побара одговори од директорот на ЈП Плаваја Дејан Крстев и од градоначалникот Ацо Ристов, околу погребалните услуги и новиот Правилник за работно време и одржување на ред и мир на гробиштата од УО на ЈП Плаваја.
Директорот Крстев појасни дека станува забор за воведување на работно време до 18 часот во зима и до 20 часот во лето, од причини да им се обезбеди мир на починатите навечер и заотоа што е потребна посебна инфраструктура за целосно осветлување на гробиштата, бидејќи во моментот осветлувањето е слабо. Исто така и да се спречат девијантни појави кои се случуваат посебно навечер.
На прашањето од советникот Панче Николов дека не му е сосема јасно околу предлогот за да остане солидарниот фонд за погребални услуги и што истиот ќе опфаќа, градоначалникот Ацо Ристов појасни дека во 2008 до 2010 година е донесен закон со кој се одвојуваат двете функции погребални услуги и управување со гробишта и на јавните претпријатија им се одзема надлежноста да врши погребални услуги и истите треба да ги врши оператор со лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.

Бидејќи во Радовиш се до оваа година не се појавил оператор за таа услуга ЈП Плаваја ги вршеше погребалните услуги покривајќи ги трошоците од солидарниот фонд од 90 денари кои граѓаните ги плаќаа на своите сметки. Градоначалникот Ристов ги запозна советниците и за состанокот со претставници од месните заедници и рече дека на следната средба тие треба да одлучат дали ќе се продолжи со солидарниот фонд кој повторно би изнесувал по 90 денари месечно. Но овој пат тоа би функционирало на тој начин што би им се исплаќало на граѓаните по 15 до 18 илјади денари како помош при погреб, а погребалните услуги повторно би ги вршел операторот.
Управувањето односно уредувањето на гробиштата кое опфаќа изградба на патеки, потпорни ѕидови, чистење и косење на трева останува на Јавното претпријатие за што е предвидено граѓаните да плаќаат по 50 денари месечно на сметките од Плаваја.
Доколку се прифати комуналната такса од 50 денари за управување на гробишта, граѓаните ќе ги следува и по едно гробно место доколку немаат сопствен гроб, појасни градоначалникот Ристов.
Доколку оператороторите на пазарот почнат да отстапуваат од веќе понудените цени и бидат нестабилни односно почнат да ги покачуваат цените, градоначалникот предлага да се формира и посебно претријатие кое ќе ги нуди овие услуги по пониски цени. Советниците поставуваа прашања и околу превозот бидејќи операторите имаат според нив нереални цени кои граѓаните неможат да ги платат.
Со 11 гласа ЗА советниците ја усвоија Предлог одлуката за давање согласност за утврдување на редот, работното време и обезбедување мир на гробиштата од УО на ЈП Плаваја, Радовиш. Исто така со 14 гласа ЗА беше донесена и предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на надоместок за промена на статус на корисник, донесена од УО на Јп Плаваја.
Поврзани содржини
На седница на Совет на Општина Радовиш донесени околу 50-тина предлог одлуки
„МИРЕН СОН ДВА БРАТА“ од Штип влегува во Радовиш и отсега ќе ги врши погребалните услуги
Градоначалникот Ристов образложи на седница на Совет како ќе функционира проектот Зонско паркирање
Обемна дискусија околу енергетската криза од која се засегнати сите општини се разви на седница на Совет на Општина Радовиш
Се одржа првата (конститутивна) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Ужевски: Дали во Радовиш ќе има нов супер маркет во Спортско рекреативниот центар Шампион?
Радовиш
Матеј и Никола од средното училиште од Радовиш, со одлични резултати на државниот натпревар по информатика
Published
1 ден agoна
март 28, 2023By
Media Press
Матеј и Никола од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, со одлични резултати на државниот натпревар по информатика кој се одржа во ФИНКИ.
„На 25 март, во Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје се одржа државниот натпревар по информатика. На натпреварот учествуваа следниве ученици од нашето училиште: Матеј Цветковски – I година (ментор: Василка Митева) Никола Костадинов – IV година (ментор: Славица Атанасова)
Според резултатите од државниот натпревар, и двајцата ученици имаат трета награда.
Ученикот Никола Костадинов е добитник на награда – бесплатно студирање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) за сите 4 години на студии почнувајќи од академската 2023/24 година“, соопштуваат од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш.


Радовиш
Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула на финалето во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2023By
Media Press
Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула со триумф над Наковски волеј со 3:1 (23:25, 25:18, 30:28, 25:16) во финалето на турнирот во Радовиш.

Струмичкиот клуб го доби првиот сет, но актуелните првенки направија пресврт и на крајот му се израдуваа на пехарот притоа недозволувајќи Наковски волеј да се реваншира за поразот во финалето пред две години.
Стојанова освои 17 поени, Баталаковска имаше 16, исто колку и Ѓурѓевиќ.
Кај Наковски волеј, најефикасна беше Љиља Ковачевиќ со 13 поени, Хаџи-Тосева заработи 11, а Милева 8, но тоа не беше доволно струмичанки да ја освојат првата сениорска круна.

Директорката на спортската сала 25-ти Мај во Радовиш, ги сумира впечатоците и резултатите од целиот настан и притоа е задоволна од организацијата, изразувајчи благодарност во сите овие кои активно беа вклучени во самата органзиација.

Арсова изразува благодарност и до Македонсктата радио телевизија- (МРТВ) за преносот во живо, на македонскиот одбојкарски куп . Таа најавува дека за неколку дена повторно ќе се случи голем настан во спортската сала во Радовиш, од областа на музиката.

Радовиш
Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп во финалето во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2023By
Media Press
Викендот се одржа големото финале на македонскиот одбојкарски куп, во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш,голем спортски настан после многу години кој три дена ја брануваше радовишката спортска јавност.

Шести пат по ред, а вкупно деветти, Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп. Во финалето во Радовиш, актуелниот првак беше доминантен и славеше над Градси Одбојкарски Клуб „Борец“ од Велес, со 3:0 (27:7, 25:23, 25:18), на тој начин освојувајќи го 18-от пехар во клупските витрини.

Владо Милев имаше 12 поени, Хараба заврши со 11, Алексов со 7, Глобоцки заработи 5, Наков 4, а Ефтим Ричлиев 2.
Кај ГОК Борец најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени.

Се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените

Задача за прво одделение во кинеско ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: Дали можеш да ја решиш?

11 строги правила кои жените во САУДИСКА АРАБИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВААТ!

Како да направите ефективни промени во внатрешноста на вашиот дом?
