Connect with us

Радовиш

На седница на Совет на Општина Радовиш донесени околу 50-тина предлог одлуки

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 26 седница со дневен ред од 45 точки и надополнување на дневниот ред со уште 7 точки. По однос на допуната на дневиот ред појаснување даде секретарот на Општината Љупче Почивалец.

 По точката Советнички прашања, советниците не поставува прашања поради отсуството на градоначалникот Ацо Ристов, кој беше оправдано отсутен поради состанок на ЗЕЛС. На Седницата беше констатирана оставка на советничката Весна Конзулова, поради вработување во Општина Радовиш, по што беше изгласана и Предлог -одлуката за измена на одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување во Општина Радовиш, како следна точка од дневниот ред.

Меѓудругото на седницата беше изгласана и предлог измена  и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, одржување на комунални објекти и локални патишта за 2023 година во Општина Радовиш. Потоа предлог измена и дополнување на годишната програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Радовиш како и Предлог – Одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Општина Радовиш.

Потоа беа изгласани и предлог одлуки за ко-финансирање на неколку проекти: „Енергетска ефикасност на јавни објекти во Југоисточниот регион“, изработка на „Техничка документација за нови регионални проекти“, „Кејска улица во ДУП УБ 15 Радовиш“, за „изградба на фекална канализациона мрежа во Карши маале во Подареш“, „Изградба на улица број 9 крак 1“ во село Ињево, „Изградба на мрежа за водоснабдување на  на улица 5 и улица 6 во УБ 22 во Општина Радовиш“ и Изработка на урбанистичка планска документација за КО Козбунар“.

Во продолжение беа донесени и наколку Предлог – Одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко планска документација  за Катастарски Општина,  Јаргулица, Подареш, Калуѓерица, Сулдурци,  Дамјан, Бучим  и КО Радовиш вон градежен реон.

 Потоа беше донесен предлог одлуката за назначување управител на гробиштата во Радовиш и наслените места, како и воведување на комунална такса за управување и одржување на гробишта – гробна такса од 50 денари. На оваа седница беше изгласана и Предлог – Одлуката за воведување на солидарен фонд за помош при вршење на погребални услуги во висина од 90 денари.

На крајот беше изгласан Изјавата за основање на Друштво за производство на електрична енергија ЕЛРАД ЕНЕРЏИ ДООЕЛ, Радовиш, како и предлог одлуката за одобрување на финасиски средства како оснивачки влог на Општина Радовиш во висина од 5.000 евра и Предлог Одлука за избор на управител на Друштвото за производство на електрична енергија ЕЛРАД ЕНЕРЏИ ДООЕЛ, Радовиш.

Радовиш

Ликовна изложба „Соочување“ на Томе Даневски во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје

Avatar

Published

на

Вчера со почеток во 20.00 ч. во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје беше отворена самостојна изложба „Соочување“, на ликовниот уметник од Радовиш Томе Даневски, на која беа изложени преку 30-тина дела од истоименатa едиција.

Посетителите ги очекуваше богатство од разиграна колористика со длабоко експресивна тематика, која Ви нуди можност да бидете сведоци на соочувањето на универзалната и теолошката енергија. На изложбата беа присутни и голем број радовишани, роднини и пријатели на Даневски, како и љубители и поддржувачи на уметноста.

Изложбата ќе биде отворена до 25 март.

Прочитај повеќе

Радовиш

Бесплатен преглед на очен притисок во очната амбуланта во Здравствен дом – Радовиш, по повод Светска недела на глауком

Avatar

Published

на

По повод неделата на глаукомот, ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, денеска организира бесплатен преглед на очен притисок, во очната амбуланта во Радовиш а утре во просториите на Здравниот Дом – Конче, со почеток од 09:00 до 13:30 часот.

Доктор Весна Пешева Јанковски апелира до граѓаните барем еднаш годишно да направат офталмолошки преглед, со цел навреме да се открие глаукомот. Итересот за прегледи беше голем, само за час и половина беа прегледани 60 граѓани.

Денеска се вршеа прегледи со безконтактен апарат, кој за жал беше позајмен од приватна болница, бидејќи очната амбуланта го нема и мерењето на очен притисок се прави по една посложена процедура со ставање капки за анестезија и со контактен апарт со окото.

Мерење на очен притисок со контакт
Безконтактен апарат

Оваа активност Црвен крст – Радовиш, ја организира во рамките на ЦКА – ПХВ програмата, а со цел да се подигне свеста да се прават превентивни прегледи на очен притисок после 40-тата година, како и да се покрене иницијатива за набавка на овој навидум мал но многу вреден апарат.

Инаку на денешните прегледи очен притисок беше измерен кај 125 луѓе. Кај 24 луѓе беше детектиран покачен очен притисок, со понатамошен совет да се направи комплетен офталмолошки преглед со цел поставување на точна дијагноза.

Прочитај повеќе

Радовиш

Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица

Avatar

Published

на

Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12.10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш .

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштива СВР Струмица, ПС Радовиш.

Прочитај повеќе