Connect with us

Македонија

Двајцата министри се договорија за мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари

Avatar

Published

на

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во услови на зголемени тензии и провокации пред чествувањето на роденденот на Гоце Делчев.

Министрите Спасовски и Демерџиев ја потврдија посветеноста на унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативната соработка, во насока на зајакната регионална соработка како еден од главните приоритети, посебно во делот на сузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе, недозволената трговија со дрога, криумчарењето мигранти и справувањето со илегалната миграција.

Во насока на добрата соработка меѓу двете полиции беа посочени и заедничките вежби на специјалните единици на двете земји кои минатата година во Софија и во Охрид. Особено е важно, потенцираа двајцата министри, одржувањето на редовни директни контакти, со цел да си помогнеме едни на други, а во насока на решавање на било какви безбедносни предизвици.

„Оваа средба ја реализираме на неколку дена пред чествувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари, во услови на зголемени тензии и различни најави за евентуално нарушување на јавниот ред и мир. Сакам да потенцирам, да упатам јасна порака дека македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и дека апсолутно нема да дозволиме никаков инцидент, односно ќе имаме чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, рече министерот Спасовски.

Министерот Демерџиев потенцира дека бугарското Министерство за внатрешни работи ќе ги преземе сите мерки за да се избегнат провокации на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев.

“Работиме превентивно за да нема проблеми. Ќе направиме се’ што е неопходно од бугарска страна за чествувањето да помине како што треба. Да не дозволиме поединци да палат оган таму каде што го нема. Исто така, очекувам целосно расчистување на нападот врз Пендиков и виновниците да бидат казнети. Само со адекватни казни ќе спречиме слични случаи во иднина”, рече министерот Демерџиев.

Македонија

Се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените

Avatar

Published

на

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ќе донесе Одлука со која се утврдуваат највисоки цени на трговија на мало на хигенски производи.

Согласно одлуката се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија,влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13%, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

„Оваа одлука се носи согласно анализите направени во Министерството за економија имајќи ги во предвид податоците од Царинската управа. Во делот на тоалетна хартија цените на тоалетната хартија се движеле од 94,8 денари до 343,3 денари, од 1 март до 24 март 2023 година цената се движела од 94,8 денари до 205 денари а со пресметано ДДВ од 11 денари до 241 денар, а 85% од тоалетната хартија е од увоз. Кај влажните марамици цената се движи 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во февруари и 83,2 денари во месец март 2023. Редовната царина е 6%. За пелени за деца и возрасни (дајперси) се движи 36, денари по парче до 1.600 денари по кутија, а кај за хигиенски влошки се движи 27,9 денари по парче до 63,56 денари по парче. Редовната царина е 6%“ кажа министерот Бектеши.
Министерот додаде дека одлуката за хигенските влошки се носи пред се бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи сеуште не е усвоен во Собранието.
“Имајќи во предвид дека за жал во собраниска процедура од декември минатата година има законско решение за овие производи за намалување на ДДВ од 18 на 5%, но сеуште ова решение не е разгледано во Комисијата за фианнсирање и Буџет во Собранието“ кажа министерот  Бектеши.
Оваа одлука стапува на сила по објавување во Службен весник, а ќе се применува од 1 април до 31 мај 2023 година.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗШВ: Следат ниски температури – Апелираме за навремено преземање мерки за заштита на овошните насади

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.

Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, – 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, – 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Двојазичните униформи се очаен обид за спас на ДУИ

Avatar

Published

на

Минатата недела, противуставно и незаконски стапи во сила Уредбата со кои полициските униформи стануваат двојазични. Ваквата скандалозна одлука се имплементира кога се случува силен раскол во раководството на ДУИ, со кој оваа партија прв пат се соочува, велат од политичката партија Левица.

Заедно со иредентистичките изблици на градоначалникот на Кичево, Фатмир ДЕХАРИ кој организираше скандалозна прослава за “десет години Кичево под албанска власт”, јасно е дека ДУИ повторно прибегнува кон отворен шовинизам и негирање на македонскиот суверенитет во очаен обид да го спаси својот рејтинг.

Оваа амнестирана партија, која 20 години владее неказниво, нема капацитет да спроведе никакви економски, социјални и политички реформи и затоа го губи постепено легитимитетот за владеење, за што доказ е руинираната состојба на општините со кои раководат нивните градоначалници. Молкот на Ковачевски пред ваквите анти-државнички потези на ДУИ покажува дека СДС е малцинска партија во владината коалиција, која во своите фази на историски РАСПАД, е подготвена да ги испорача сите иредентистички барања на ДУИ.

Потсетуваме дека Венецијанската комисија донесе МИСЛЕЊЕ дека не смее да се носат подзаконски акти кои ќе се повикуваат на Законот за употреба на јазиците (објавен без потпис на Претседателот на РМ), поради што стапувањето во сила на оваа уредба е спротивна на сите меѓународни начела.

Како и во случајот со воведувањето етничка припадност во лични карти – кое ефективно беше спречено поради јавниот притисок на Левица и експертите – повторно само #Левица се изјасни против двојазичноста на униформите и истите ги оспори пред Уставен суд.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред една година тврдеше дека двојазичните униформи се само дефокус за јавноста и дека тоа е “уставна материја во која нема да се меша”. Молкот на ВМРО-ДПМНЕ откако двојазичните униформи станаа реалност потврдува, како и во случајот со етничка припадност во лични карти, дека оваа партија е подготвена да биде учесник во ваквите ИРЕДЕНТИСТИЧКИ процеси, само за да му се допадне на албанскиот политички блок. Повторно се потврди дека ниту еден процес со кој е загрозен суверенитетот и интегритетот на Републиката, не може да се спроведе без учество на партијата на Христијан Мицкоски“, стои во реакцијата од Левица.

Преземно од: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Компаративно-правната анализа заклучува дека најголемата група европски и светски држави користат исклучиво САМО ЕДЕН ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК на полициските и воените униформи (пр. Албанија, Естонија, Латвија, Литванија, Португалија, Полска, Романија, Словенија, Хрватска, Франција, Шпанија и Шведска), потенцираат од Левица.

Прочитај повеќе