Струмица
Струмица беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција
Published
2 години agoна
By
Media PressСтрумица вчера беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција. По тој повод Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше во посета на Струмица при што беше ивршена презентација на опремата со која располага МВР, СВР Струмица.
„Моето задоволство беше уште поголемо со тоа што Министерот за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски, од тие пет градови ја удостои токму Струмица со своето присуство, за што многу му благодарам. Прекрасно беше дружењето со полициските службеници во МВР, презентацијата на опрема и забавниот дел, со што на најубав можен начин полицијата се доближи до граѓаните.Уште еднаш ја потврдивме одличната соработка со МВР и заедничката цел дека безбедноста и јавниот ред и мир во општината ни се приоритет“ рече градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.
Поврзани содржини
Физички напад, кражба, сообраќајна несреќа, се само дел од пријавите до СВР Струмица во текот на вчерашниот ден
Превентивна активност на СВР Струмица „Има помош за живот без насилство“
При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината
Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината
Во Полициската станица- Струмица пријавено дека исчезнала 17-годишна девојка
Кривична пријава против двајца затворски работници во КПУ Затвор Струмица кои сториле по две кривични дела
Струмица
Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово
Published
1 месец agoна
април 3, 2024By
Media PressВчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.
Струмица
Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали
Published
2 месеци agoна
март 27, 2024By
Media PressПриведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.
Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Струмица
Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило
Published
2 месеци agoна
март 22, 2024By
Media PressНа 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.