Connect with us

Струмица

Спасовски од Струмица: Годинава запленети 2.355 килограми марихуана на територија на СВР Струмица

Avatar

Published

на

Спасовски од Струмица: Источната државна граница најбезбедна во Западен Балкан, годинава запленети 2.355 кг. марихуана на територија на СВР Струмица во 2022, намален криминалот за 10% на подрачјето на СВР Штип.

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со раководствата на СВР Струмица, СВР Штип, како и Регионалниот центар Исток со цел согледување на сработеното, како и лично запознавање со реализираните активности во 2022 година и со постигнатите резултати.

На средбата министерот Спасовски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Струмица, СВР Штип и Регионалниот центар Исток, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат во насока на негово намалување, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција со единствена цел – подигнување на безбедноста и заштита на граѓаните.

На средбата министерот Спасовски напомена дека на територијата на СВР Струмица во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период во 2021 година, бројот на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога бележи тренд на намалување за 27%.

„Годинава бележиме значително поголема заплена на наркотични дроги, особено марихуана, која е запленета во количина од 2.355 кг. Како резултат на преземените активности, СВР Струмица во текот на 2022 година оствари ефикасност во областа на вкупниот криминал од 45% и реализација од 77%, што претставува значајно зголемување на ефикасноста во расчистувањето на кривичните дела во однос на 2021 година“, истакна Спасовски.

За територијата која е во надлежност на Регионалниот центар Исток, Спасовски потсети дека според извештајот на ФРОНТЕКС оваа државна граница е најбезбедна во Западен Балкан.

„Во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период минатата година регистрирано е зголемување во откривачката функција на илегалната миграција за 32,54%, а зголемен е и бројот на откриени илегални мигранти за 38,56% кои се обиделе да ја поминат границата. Во однос на влез и излез на граничните премини во надлежност на Регионалниот центар Исток се бележи зголемување за 66,61% во споредба со минатата година, а за 500% зголемена е откривачката функција на шверцот со акцизни стоки“, истакна министерот.

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе