МЗШВ објави јавен оглас за давање под закуп земјоделско земјиште во неколку региони меѓу кои и Радовиш
МЗШВ објави јавен оглас за давање под закуп земјоделско земјиште за површини над 3 хектари, во сопственост на државата со вкупна површина од 1.15hxa 83ар 71м2 во неколку региони во Република Македонија: Радовиш, Валандово, Гази Баба, Кисела Вода, Кавадарци, Крива Паланка, Велес, Свети Николе и Штип.
Податоците за земјоделското земјиште предмет на
овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наога
земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот лист) се во
согласност со постоечката катастарската евиденција и увид во тие податоци за
секоја површина може да се направи на
веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствои на
огласната табла во подрачните единици
на Министерството, каде се наога земјоделското земјиште кое е предмет на јавниот
оглас.
Листите со
катастарски индикации на земјиштето кои го идентификуваат се дадени во деталните
прегледи во прилог на огласот. Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен
оглас е со намена за:
-подигаъе на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмею) и оранжерии за период до 30 години,
-подигаъе на долгогодишни насади со лешник за
период до 70 години,
-подигаъе на маслинарници за период до 50 години,
-одгледуваіъе на други земјоделски култури и за поставуваіъе на пчелни семејства
за период до 15 години,
-ливади за период до 15 години,
-за одгледуваъе на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наога на надморска висина
над 700 метри, за периодот
до 30 години,
-рибници до 20
години и
-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.