Connect with us

Радовиш

МЗШВ објави јавен оглас за давање под закуп земјоделско земјиште во неколку региони меѓу кои и Радовиш

Avatar

Published

на

МЗШВ објави јавен оглас за давање под закуп земјоделско земјиште за површини над 3 хектари, во сопственост на државата со вкупна површина од 1.15hxa 83ар 71м2 во неколку региони во Република Македонија: Радовиш, Валандово, Гази Баба, Кисела Вода, Кавадарци, Крива Паланка, Велес, Свети Николе и Штип.

Податоците за земјоделското земјиште предмет на овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наога земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот лист) се во согласност со постоечката катастарската евиденција и увид во тие податоци за секоја површина може да се направи на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствои на огласната табла во подрачните единици на Министерството, каде се наога земјоделското земјиште кое е предмет на јавниот оглас.

Листите со катастарски индикации на земјиштето кои го идентификуваат се дадени во деталните прегледи во прилог на огласот. Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за:

-подигаъе на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмею) и оранжерии за период до 30 години,

-подигаъе на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

-подигаъе на маслинарници за период до 50 години,

-одгледуваіъе на други земјоделски култури и за поставуваіъе на пчелни семејства за период до 15 години,

-ливади за период до 15 години,

-за одгледуваъе на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наога на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,

-рибници до 20 години и

-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Повеќе информации околу огласот на следниот линк: http://www.mzsv.gov.mk/CMS/Upload/javen%20oglas%2004%20nad%203%20ha/javen%20oglas%2004-22%20nad%203%20ha%20objava.pdf

Понудата и другата потребна документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отварај„.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе