Гевгелија

Изведбени работи за затворање и ревитализација на старата депонија во Гевгелија

Започнаа изведбените активности за затворање и ревитализација на старата депонија кај Сува Река. Со воведувањето во активностите од страна на подизведувачот и отстранување на депонираниот комунален отпад, веќе се создадени сите предуслови за надминување на проблемите поради неисполнување на еколошките норми и стандарди и честите запалувања.

Со прокетот се предвидува изградба на уште еден потпорен ѕид од северната страна на Сува Река. По третирањето на комуналниот отпад на оваа дива депонија, истиот ќе се покрие со заштитна прекривка- геотекстил, врз која ќе има тампон од песок и земја. Исто така, предвидена е и изградба на резервоар, каде би се собирал исцедокот од прекриениот отпад. По ова, по целата површина од депонијата ќе биде засадена трева.

Целиот проект ќе се реализира со доделениот грчки грант, односно, неискористените 420.000 евра доделени од Грчката влада, за изградба на прочистителната станица кај Сува Река, согласно потпишаниот трилатерален договор меѓу Швајцарската, Грчката и Македонската влада.

„По изградбата на овој капитален проект, меѓу Министерството за животна средина на РСМ, Швајцарската агенција за развој, преку која се реализираше најголемиот дел од донираните средства за прочистителната станица и Грчката амбасада, во нашата земја беше постигнат договор преостанатите средства од грчкиот грант да бидат наменети за затворање и ревитализација на дивата депонија кај Сува Река“ информираат од општината.

Инаку, по затворањето на дивата депонија, целиот комунален отпад се депонира на Новата времена депонија кај Ново Конско.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago