Струмица
Пет возила-комби од струмичко, вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Санкции за пет возила од Струмица и струмичко, што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација.
На 03 и 04.12.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај пет патнички возила-комби, кои вршеле меѓународен превоз на патници.
„При контрола на петте возила, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од А.С.(42), П.Ч.(24), Д.А.(35), В.Ј.(23) и Н.Г.(23), сите од Струмица и струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – дозвола за меѓународен линиски превоз.По целосно документирање на случаите, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово ќе биде поднесена пријава по член 284-а од Кривичниот законик – „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, соопштува МВР.
Поврзани содржини
Приведено лицето осомничено за убиство на 83- годишната жена во струмица
Отворено инклузивното игралиште во клон 3 од јавната детска установа „Детска Радост“ во Струмица
Едно лице загинало во опожарена куќа во Струмица
Лишен од слобода струмичанец, извршил кражба во продажен објект во Струмица
Вкупниот буџет на Општина Струмица за 2023 година, изнесува 1.642.012.000 денари
Приведени двајца крадци кои краделе во радовишко
Струмица
Приведено лицето осомничено за убиство на 83- годишната жена во струмица
Published
6 дена agoна
јануари 25, 2023By
Media Press
На 23.01 2023 од страна на полициски службеници од СВР Струмица во содејство и координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал лишен е од слобода П.И.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека на 20.01.2023, откако побарал и не добил пари од М.Б.(83) од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди таа починала. Потоа П.И. одзел пари и предмети од домот на М.Б., од кои дел биле пронајдени при претресот извршен по наредба на ОЈО Струмица. П.И. е приведен во полициска станица и при службен разговор го признал делото, а од страна на СВР Струмица против лицето е поднесена кривична пријава до ОЈО Струмица, изведено е пред Основен суд Струмица и побарана е мерка притвор.
Струмица
Отворено инклузивното игралиште во клон 3 од јавната детска установа „Детска Радост“ во Струмица
Published
1 недела agoна
јануари 23, 2023By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и Директорката на државен санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска го отворија инклузивното игралиште во клон 3 од јавната детска установа „Детска Радост“ во Струмица.

„Плод на успешната соработка со Министерството за труд и социјална политика е и новата градинка „Виножито“, најголема во државата и прва во Струмица по 40 години, а за чија инфраструктура општината вложи 20 милиони денари. Во интерес и на децата и нивните родители, го продолжуваме Јавниот повик за ослободувањето од плаќање на надомест за престој на деца на самохраните родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ кои земаат плата пониска од просечната месечна плата во државата и невработени лица со цел што поголем број деца да бидат опфатени со оваа мерка“, вели градоначалникот Костадинов.
„Како Министерство се залагаме секое дете да добива соодветна грижа и услови за соодветен раст и развој, затоа се градат се повеќе градинки, се зголемуваат капацитетите со цел секое дете да има можност да биде дел од предучилишното воспитание и образование“ рече Министерката во своето излагање.
Таа посочи дека особено е запазена социјалната компонента во градинките и можноста на секое дете да биде вклучено во детската игра.
„Ме радува тоа што со овозможувањето на вакви игралишта придонесуваме кон тоа раскажувањето на децата за нивните денови во градинката да не бидат проследени со негативни чувства на неприфаќање, туку среќни детски спомени “ истакна Тренчевска.
При посетата на градинката од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат беа доделени играчки за градинката.

Струмица
Едно лице загинало во опожарена куќа во Струмица
Published
2 недели agoна
јануари 17, 2023By
Media Press
Синоќа во 20.54 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.Е.(63) на улица „Пиринска“ во Струмица, во која било пронајдено и едно починато лице. Од страна на територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а увид на местото ќе биде вршен во текот на денешниот ден од страна на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, информира СВР Струмица.

Започна реновирањето на ПУ „Атанас Нивичански“ во Висока Маала, Општина Василево

Повторно пријава за физичка пресметка помеѓу две лица во Калаузлија

Дискусија на седница на Совет на Општина Радовиш, се бара решение на проблемот околу погребалните услуги

Двајцата министри се договорија за мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари
