Connect with us

Струмица

Денеска во Струмица официјално беше отворена Интеррег-ИПА 3 Програмата

Avatar

Published

на

Заедничкиот Комитет за следење на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија 2021 – 2027 година, денеска одржа состанок во Домот на АРМ во Струмица, со што и официјално беше отворена ИПА 3 Програмата.

На состанокот присуствуваа градоначалникот Костадин Костадинов, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, програмската менаџерка за прекугранична соработка во Европската Комисија Габи Хагмулер, заменик министерката за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија Десислава Георгиева и Зоран Димитровски заменик министер за локална самоуправа на Македонија.

Во своето обраќање градоначалникот Костадинов рече дека за него и за општина Струмица е голема чест што овој состанок се одржува токму тука.

„Би сакал, со гордост да изјавам дека општина Струмица долги години е дел од тимот на најинвентивните и најуспешните општини кои имаат реализирано бројни проекти во рамките на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република С Македонија. Искрено се надевам дека во годините што следуваат односно во рамки на програмскиот период 2021 – 2027 заеднички ќе ја продолжиме успешната реализација на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија и заеднички ќе приоднесеме за максимално исполнување на очекуваните резултати, како и на Приоритетите на Програмата кои се насочени кон позелен, поинтегиран и поразвиен прекуграничен регион“, рече Костадинов.

Во спроведувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка, заедно, во двете држави, во двата програмски периоди се реализирани 178 проекти во вкупна вредност од скоро 40 милиони евра, додека во новиот, трет програмски период, на располагање предвидени се над 30 милиони евра со фокус на проекти за интегриран развој, за развој на мали и средни претпријатија, како и изработка на туристички производи, но и за зелен регион и за управување со води.

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе