Connect with us

Радовиш

Одбележани 10 ГОДИНИ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО на манастирскиот храм “Свети Ѓеоргиј” во Ораовица

Avatar

Published

на

Одбележан јубилејот 10 години од осветувањето на манастирскиот храм “Св. вмч. Георгиј” во с. Ораовица – Радовишко.

По тој повод Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и свештенослужители од Повардарската, Кумановско-осоговската и Брегалничката Епархија, во неделата отслужија Света Архиерејска Литургија.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот Повардарски г. Агатангел одржа содржајна беседа,  a испрати и порака луѓето да веруваат во својата вера, во Православната црква, да си помагаат меѓусебе и да си ја сакаат својата земја Македонија .

Говор одржа и ктиторот  Николајчо Николов, кој во оваа прилика даде Благодарници на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на сегашниот и на претходните градоначалници на Радовиш и на многу други луѓе кои дале посебен придонес во градењето на манастирскиот комплекс “Св. вмч. Георгиј” во с. Ораовица.

На одбележувањето на 10 годишниот јубилејот во манастирскиот комплекс беше отворена и спомен соба  која  ќе сведочи за историјата на манастирто но и за сите признанија и награди за ктиторот Николајчо кој ги добил во неговиот работен век.  

Радовиш

Повторно пријава за физичка пресметка помеѓу две лица во Калаузлија

Avatar

Published

на

Повторно пријава за физичка пресметка помеѓу две лица во Калаузлија, случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш.

Имено вчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 11.00 часот во село Калаузлија, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.У.(53) и Џ.М.(37), двајцата од село Калаузлија.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава информира СВР Струмица, ПС Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Дискусија на седница на Совет на Општина Радовиш, се бара решение на проблемот околу погребалните услуги

Avatar

Published

на

На одржаната 24-та седница на Советот на Општина Радовиш советниците отворија дискусија и побара одговори од директорот на ЈП Плаваја Дејан Крстев и од градоначалникот Ацо Ристов, околу погребалните услуги и новиот Правилник за работно време и одржување на ред и мир на гробиштата од УО на ЈП Плаваја.

Директорот Крстев појасни дека станува забор за воведување на работно време до 18 часот во зима и до 20 часот во лето, од причини да им се обезбеди мир на починатите навечер и заотоа што е потребна посебна инфраструктура за целосно осветлување на гробиштата, бидејќи во моментот осветлувањето е слабо. Исто така и да се спречат девијантни појави кои се случуваат посебно навечер.

На прашањето од советникот Панче Николов дека не му е сосема јасно околу предлогот за да остане солидарниот фонд за погребални услуги и што истиот ќе опфаќа, градоначалникот Ацо Ристов појасни дека во 2008 до 2010 година е донесен закон со кој се одвојуваат двете функции погребални услуги и управување со гробишта и на јавните претпријатија им се одзема надлежноста да врши погребални услуги и истите треба да ги врши оператор со лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.

Бидејќи во Радовиш се до оваа година не се појавил оператор за таа услуга ЈП Плаваја ги вршеше погребалните услуги покривајќи ги трошоците од солидарниот фонд од 90 денари кои граѓаните ги плаќаа на своите сметки. Градоначалникот Ристов ги запозна советниците и за состанокот со претставници од месните заедници и рече дека на следната средба тие треба да одлучат дали ќе се продолжи со солидарниот фонд кој повторно би изнесувал по 90 денари месечно. Но овој пат тоа би функционирало на тој начин што би им се исплаќало на граѓаните по 15 до 18 илјади денари како помош при погреб, а погребалните услуги повторно би ги вршел операторот.

Управувањето односно уредувањето на гробиштата кое опфаќа изградба на патеки, потпорни ѕидови, чистење и косење на трева останува на Јавното претпријатие за што е предвидено граѓаните да плаќаат по 50 денари месечно на сметките од Плаваја.

Доколку се прифати комуналната такса од 50 денари за управување на гробишта, граѓаните ќе ги следува и по едно гробно место доколку немаат сопствен гроб, појасни градоначалникот Ристов.

Доколку оператороторите на пазарот почнат да отстапуваат од веќе понудените цени и бидат нестабилни односно почнат да ги покачуваат цените, градоначалникот предлага да се формира и посебно претријатие кое ќе ги нуди овие услуги по пониски цени. Советниците поставуваа прашања и околу превозот бидејќи операторите имаат според нив нереални цени кои граѓаните неможат да ги платат.

Со 11 гласа ЗА советниците ја усвоија Предлог одлуката за давање  согласност за утврдување на редот, работното време и обезбедување мир на гробиштата од УО на ЈП Плаваја, Радовиш. Исто така со 14 гласа ЗА беше донесена и предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на надоместок за промена на статус на корисник, донесена од УО на Јп Плаваја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш продолжува со поддршка на образованието, доделени 26 стипендии на талентирани ученици

Avatar

Published

на

На 26 ученици од основното и средното образование во Општина Радовиш денеска им беа врачени договорите за добивање на стипендија од општината, за учебната 2022 / 2023 година.  На избраните стипендисти кои се пред се одлични ученици кои учествувале и освоиле награди на регионални и државни натпревари, ова  им претставува   поголем стимул за  подобри успеси и достигнувања во иднина.  

Договорите во име на општината ги додели граоначалникот Ацо Ристов кој најпрво им честита за нивните успеси, а потоа им потенцира колку образованието е значајно во животот за да бидат успешни луѓе. 

Општина Радовиш додели 16 (шеснаесет) стипендии, на ученици од основното образование, во висина од 2.500 денари месечно, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, почнувајки од Септември, а завршува заклучно со месец Мај.

5 стипендии се доделени на ученици од средното образование, во висина од 3.000 денари месечно, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година.

И 5 (пет) стипендии додели Општина Радовиш – по основ на социјален карактер, на ученици од основно и средно образование, а висината на стипендијата е 2500 денари за основно и 3000 денари за средно образование.

Прочитај повеќе