Connect with us

Радовиш

Конечно створени услови и за одбојкарскиот спорт во Спортската сала во Радовиш, УСК „Коста Рацин“-Подареш започна со редовни тренинзи

Media Press

Published

на

Одбојкарскиот училишен спортски клуб „Коста Рацин“ од Подареш кој годинава забележува високи резултати, од почетокот на месец Септември започна да тренира во Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш, откако претходно беа создадени услови за трнирање одбојка.

Тренерот Симеон Џеков изрази голема благодарност до градоначалникот на општината Ацо Ристов и до директорката на Спортската сала Лолита Арсова, што конечно после многу години се создадоа услови за одбојкарскиот спорт во Радовиш. Исто така Џеков изразува благодарност и до сите спонзори и до родителите на децата за поддршката која им ја пружат.

УСК „Коста Рацин“ од Подареш сега редовно ги одржуваат своите тренинзи во соодветни услови за тоа и годинава постигнуваат резултати.

Женската екипа учествуваше и на шестономеврискиот турнир во одбојка во Радовиш на кој освоија прв мето.

Радовиш

Пронајден човечки труп на планината Плачковица во атар на село Козбунар, радовишко

Media Press

Published

на

Пронајден човечки труп на планината Плачковица во атар на село Козбунар, радовишко. Вчера во 14.50 часот во Полициската станица Радовиш, З.Н. од Радовиш пријавил дека на планина Плачковица, на место викано „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, радовишко, бил пронајден човечки труп.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот бил даден на обдукција, информира СВР Струмица, ПС Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи во Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот во Општина Радовиш, на организиран настан во салата за состаноци во општинската зграда.

Овој настан беше органзиран од страна на Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) за „Теренска имплементација на решенија засновани врз природата“ – Презентација на прелиминарните резултати од намалувањето на ризици од катастрофи и анализа на екологијата во Радовиш во рамките на проектот   АДАПТ, организиран  во  партнерство  со  Министерството  за  животна  средина  и просторно планирање и Центарот за управување со кризи.

Проектот работи на зголемување на отпорноста на екосистемите и заедниците на климатски промени и ризици од катастрофи со примена на решенија засновани врз природата во шест држави од Западен Балкан.

На настанот се преставија прелиминарните резултати од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот, анализата на живеалиштата и препораки за имплементација на мерки за решенија засновани врз природата за имплементација на локацијата во Радовиш, информираат од општината.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ја доби Европската ознака за извонредно управување

Media Press

Published

на

На девет општини од Македонија, шест од Косово и три од Хрватска вчера им беше доделена „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА). Како што е наведено, овие девет општини учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа, при што покажале високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа.

Деветте општини кои ја добија „Европската ознака за извонредно управување” во земјава се: Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа. Воедно покажаа високо ниво на усогласеност со 12 начела за добро демократско управување на Советот на Европа, заедно со три општини од Хрватска и шест од Косово.

Во обраќање на настанот министерот за локална самоуправа Ристо Пенов нагласи дека многу е важно што станува збор за стандарди на Советот на Европа и што целиот процес го води оваа организација.

На настанот се обрати и претседателот на АЛДА, Оријано Оточан, кој го објасни целиот процес на усвојувањето на 12-те принципи на асоцијацијата.

„Европската ознака за извонредност на управувањето“ е воспоставена од Советот на Европа, а почнувајќи од 2021 година, АЛДА e акредитирана организација да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово.

Прочитај повеќе