Connect with us

Радовиш

Потпишани договори за реализација на два витални проекти во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, вчера во седиштето на Центарот за развој на Југоисточен плански регион, заедно со Директорот Ѓоко Камчев ги потпишаа Договорите за два витални проекта од јавен интерес за граѓаните.

Првиот договор е во износ од 10 мил.денари а се однесува на изградбата на локалниот пат – обиколница, која ги поврзува улиците Плачковица и Калаузлиска во должина од 906 метри, како дел од Проектот „Туризмот – иднината на регионот“.

Вториот договор е во износ од 1,64 мил. денари а се однесува на реконструкција и доградба на Центарот за култура „Ацо Караманов“ како дел од проектот „Културното богатство-наследство на идните генерации“.

Градежните активности се очекува да започнат кон крајот на оваа и почетокот на наредната година и со ова сакаме да најавиме дека идната 2023 година ќе биде година на сериозни проектни активности согласно заеднички утврдените приоритети и проблеми на граѓаните на општина Радовиш.

Договор за реализација на проект во Општина Конче потпиша и градоначалникот Златко Ристов.

„Со Директорот на Центарот на Југоисточен Плански Регион Ѓоко Камчев, потпишавме договор за реконструкција на Културниот дом во село Лубница. Проектот е со поддршка од БРР на РМ и дел на сопствено учество на Општина Конче“, информира градоначалникот Ристов.

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе