Connect with us

Радовиш

Азески во посета на рудниците „Бучим“ и „Боров Дол“: Рудниците ќе се вратат со производството ако цената на струјата е под 250 евра за мегават час

Media Press

Published

на

Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради енормниот пораст на цената на електричната енергија од 01 септември 2022 година привремено прекинаа со процесот на производство.

На средбата со раководството на рудниците, Дмитриј Кудрјаков и Олег Чусовитин управители на „Бучим” и заменик управителот на „Боров дол“ Мануел Виана се разговараше за тековната состојба поврзана со енергетската криза и проблемите со кои се соочуваат два рудника.

Од страна на раководството на рудниците беше истакнато дека доколку цената на електричната енергија биде под 250 евра за мегават час, во тој случај тие се подготвени за десетина дена повторно да го рестартираат производството и да ги вратат на работа сите работници. Во спротивно рудниците нема да почнат со производство до октомври следната година.

Исто така од страна на раководството, беше споделена загриженоста од кризната состојба со енергијата, при што беше нагласено дека државата има податоци за загубите на рудниците, но и за добивките што ги носат „Бучим“ и „Боров Дол“ кон државниот буџет и кое е значењето на рудниците за граѓаните и за државата.

„Ние не се откажуваме, инвестираме во два капитални проекти. Направено е максимално намалување на трошоците. Специфичната потрошувачка на електрична енергија е намалена за 13%, но сепак не можеме да работиме профитабилно и покрај сите наши напори и без поддршка од владините институции нема да успееме. Покрај цената на струјата зголемени се и останатите трошоци. Неопходни се заеднички сили, со цел да опстанеме и да продолжиме да придонесуваме кон социјалниот и економскиот развој на регионот и државата”, изјави Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

Претседателот на Комората Бранко Азески истакна дека двата рудника кои влегуваат во групата на 10 те најголеми потрошувачи на електрична енергија и се наоѓаат на слободниот пазар, се значајни за македонската економија. Тие вработуваат вкупно 674 работници и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за одржливиот економски и социјален развој на општините Конче, Штип и Радовиш.

„Разговаравме за низа прашања коишто ги мачат, посебно во делот на цената на електричната енергија и инвестициите. Тие во последните три години инвестирале над 90 милиони евра. Во моментов се прави модернизација на производствениот процес во Бучим и изградба на фотонапонска централа за производство на електрична енергија, со што ќе се постигне намалување на зависноста од цената на електричната енергија на отворениот пазар. Разговаравме темелно за сите отворени прашања, кои што во оваа криза можат да обезбедат предвидливост и во рамките на Македонската асоцијација за рударство, со усогласени ставови и работејќи на политики кои што ќе го одржат овој сектор. Сите предлози ќе ги пренесеме до надлежното министерство и до Владата“, истакна Азески.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Пронајден човечки труп на планината Плачковица во атар на село Козбунар, радовишко

Media Press

Published

на

Пронајден човечки труп на планината Плачковица во атар на село Козбунар, радовишко. Вчера во 14.50 часот во Полициската станица Радовиш, З.Н. од Радовиш пријавил дека на планина Плачковица, на место викано „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, радовишко, бил пронајден човечки труп.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот бил даден на обдукција, информира СВР Струмица, ПС Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи во Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот во Општина Радовиш, на организиран настан во салата за состаноци во општинската зграда.

Овој настан беше органзиран од страна на Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) за „Теренска имплементација на решенија засновани врз природата“ – Презентација на прелиминарните резултати од намалувањето на ризици од катастрофи и анализа на екологијата во Радовиш во рамките на проектот   АДАПТ, организиран  во  партнерство  со  Министерството  за  животна  средина  и просторно планирање и Центарот за управување со кризи.

Проектот работи на зголемување на отпорноста на екосистемите и заедниците на климатски промени и ризици од катастрофи со примена на решенија засновани врз природата во шест држави од Западен Балкан.

На настанот се преставија прелиминарните резултати од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот, анализата на живеалиштата и препораки за имплементација на мерки за решенија засновани врз природата за имплементација на локацијата во Радовиш, информираат од општината.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ја доби Европската ознака за извонредно управување

Media Press

Published

на

На девет општини од Македонија, шест од Косово и три од Хрватска вчера им беше доделена „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА). Како што е наведено, овие девет општини учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа, при што покажале високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа.

Деветте општини кои ја добија „Европската ознака за извонредно управување” во земјава се: Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа. Воедно покажаа високо ниво на усогласеност со 12 начела за добро демократско управување на Советот на Европа, заедно со три општини од Хрватска и шест од Косово.

Во обраќање на настанот министерот за локална самоуправа Ристо Пенов нагласи дека многу е важно што станува збор за стандарди на Советот на Европа и што целиот процес го води оваа организација.

На настанот се обрати и претседателот на АЛДА, Оријано Оточан, кој го објасни целиот процес на усвојувањето на 12-те принципи на асоцијацијата.

„Европската ознака за извонредност на управувањето“ е воспоставена од Советот на Европа, а почнувајќи од 2021 година, АЛДА e акредитирана организација да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово.

Прочитај повеќе