Connect with us

Гевгелија

Уште 34 граѓани можат да добијат субвенции од Општина Гевгелија за набавка на велосипед, продолжен Јавниот повик

Media Press

Published

на

На отворениот Јавен повик на Општина Гевгелија за доделување субвенции на граѓани за набавка на велосипед, до денеска, аплицирале 66 граѓани од општина Гевгелија. Согласно Одлуката на Советот на Општина Гевгелија, до потрошувањето на утврдената сума од 500.000 денари (на 100 граѓани по 5.000 денари), остануваат субвенции уште за 34 лица.

„Со оглед на тоа дека бројот на апликации не е исполнет, Општина Гевгелија ги информира граѓаните дека, на 21 јуни, 2022 година, вторник, Kомисијата за спроведување на Јавниот повик за доделување субвенции на граѓани за набавка на велосипед ќе продолжи со примање апликации сè до потрошувањето на утврдената сума од Буџетот на Општина Гевгелија за таа намена. Доделувањето на субвенциите се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“ информираат од општина Гевгелија.

Од општината потсетуваат дека потребната документација треба да се достави во затворен коверт со назнака: „За Јавниот повик за субвенционирање за купување велосипеди во општина Гевгелија за 2022 година“, во просториите каде е сместена Фондацијата за локален економски развој и развој на информатички технологии- Гевгелија (Стара градинка, ул. „Маршал Тито“ бр. 60, Гевгелија), во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Гевгелија

Приведени три лица во близина на Дојран, за криумчарење мигранти

Media Press

Published

на

Две лица од Радовиш и едно од Скопје, биле приведени во Полициската станица Гевгелија за криумчарење мигранти. Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Синоќа околу 22 часот и 20 минути кај место викано „Аниште“, во близина на крстосница за с.Фурка, дојранско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода Т.В.(38) од Скопје, Л.А.(66) од Радовиш и П.С.(45) од Радовиш.

При контрола во возило „мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. Додека, пак возилото „фолксваген поло“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., а сопатник бил П.С., служело како претходница.

Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а трите лица биле приведени во Полициската станица Гевгелија. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица

Media Press

Published

на

Вчера околу 15.00 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија.

При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Донесени повеќе одлуки и решенија на 14 -та седница на Општина Гевгелија

Media Press

Published

на

На последната 14 седница, Советот на Општина Гевгелија донесе повеќе одлуки и решенија. Имено, Советот едногласно донесе Одлука за кофинансирање на проектот: „Градење инфраструктура за заштита на животната средина и подобрен квалитет на живот“, со кој Општина Гевгелија ќе аплицира на Oтворениот повик на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.

Исто така, предмет на расправа беа Годишните планови за вработување на Општина Гевгелија, JОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година, како и Годишните извештаи за работата во 2021/2022, Годишните програми за работа во 2022/2023 година и Годишните програми за екскурзии и други слободни ученички активности во 2022/2023 година на општинските основни училишта.

Од работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија на 14 седница, Советот на Општина Гевгелија дискутираше по Кварталниот извештај за периодот 1 јануари-30 јуни, 2022 година, Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2022 и Годишниот план за вработување за 2023 година.

На оваа седница, беше едногласно донесена и Одлука за исплата на средства од Буџетот на Општина Гевгелија за лекување на лицето Дамјан Хаџи Николов во странство.

Прочитај повеќе