Гевгелија
Оштетените граѓани од гевгелиско можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме
Published
2 години agoна
By
Media PressВчера, населените места Серменин, Ново Конско и Моин во попладневните часови беа зафатени од невреме проследено со град. Иако краткотрајно, поради силината, градот предизвика сериозни штети врз земјоделските посеви.
Поради тоа, Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеа штети дека од денеска, во просториите на Општина Гевгелија, можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија.
Во прилог на барањето, кое треба да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, оштетените граѓани треба да достават имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документи за жива стока или други документи, во зависност од тоа што е оштетено. По што, согласно законските прописи, Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата ќе постапи по доставените барања, информираат од Општина Гевгелија.
Поврзани содржини
Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години
Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин
Традиционален НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК на градскиот плоштад во Гевгелија
Гевгеличанец додека бил на лов се здобил со повреда од огнено оружје
2.300 вљубеници и истакнати спортисти во атлетиката дел од најмасовната атлетска трка во Гевгелија
Приведени две лица од Гевгелија за сторено кривично дело „разбојништво“
Гевгелија
Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција
Published
2 недели agoна
март 15, 2024By
Media Press На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Гевгелија
Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години
Published
3 недели agoна
март 11, 2024By
Media PressЗавршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.
Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.
Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.
Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.
Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.
Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.
Гевгелија
Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин
Published
2 месеци agoна
јануари 30, 2024By
Media PressНа 29.01.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.