Радовиш
Општина Радовиш стана дел од проектот за зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи
Објавено на
Од
Media Press
Општина Радовиш стана дел од проектот за зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи за искористување на ресурсите.
Општина Радовиш како дел од втората група од новите партнер-општини потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Со овој Меморандум општината се обврза за подобрување на квалитетот на даночниот систем, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способностите на локалната власт за планирање, управување и спроведување на јавните средства, информираат од општината.
Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект (2021-2026) кој им помага на општините да ги обезбедат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани.
Поврзани содржини

ЈАВНА ОБЈАВА за уредно доставување на решенија за присилна наплата за комунална такса за фирмарина за повеќе правни лица

Општина Радовиш ќе субвенционира набавка на велосипед, до 50% од вредноста, но не повеќе од 6000 денари

Општина Радовиш го објави упатството за електронска уплата на данок

Во рамките на проектот ULEAD општина Радовиш беше домаќин на делегација од Украина

Граѓаните да ги подмират обврските по основ на комунална такса и данок на имот кон Општина Радовиш

Општина Радовиш објави JАВЕН КОНКУРС за доделување на Шестоноемвриски признанија и плакети за 2023 година
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

