Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш објави JАВЕН КОНКУРС за доделување на Шестоноемвриски признанија и плакети за 2023 година

Avatar

Published

на

Општина Радовиш објави JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2023 година.

На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица од областа на занаетчиството, стопанската и друга јавна дејност од општина Радовиш.

Сите заинтересирани кои ќе конкурираат на јавниот конкурс, потребно е да докажат дека во изминатиот период исклучително се бавеле или се бават само со една дејност, и со истата дале свој придонес и оставиле длабока трага во вкупниот општествен и стопански живот во општина Радовиш.

Потребни документи за поднесување се :- Податоци за предложеното физичко или правно лице;- Образложение за предлогот по конкурсот;

Период за доставување на документите од 19.10.2023 год. заклучно со 26.10.2023 год.

Документите се поднесуваат на адреса :ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш, со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2023 год.

Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани.

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе