Радовиш
Општина Радовиш започна со поправање, фарбање и подновување на урбаната опрема во градот
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Општина Радовиш започна со поправање, фарбање и подновување на урбаната опрема во градот, која е искршена од несовесни граѓани. Имено некои од клупите за седење во детските паркови и покрај кејот на Радовишка река како и на други јавни површини, се уништени до тој степен што се оставени само на металната конструкција.

Покрај подновувањето на веќе поставената убана опрема ќе бидат поставени и нови 80 клупи донација од Турција, кои ќе бидат распоредени во градот и во населените места.

Од општината уште еднаш аплеираат до граѓаните одговорно и совесно да се однесуваат кон урбаната опрема бидејќи таа е наменета за користење на сите граѓани. Клупите, освен за седење немаат друга намена, потсетуваат од општината. Но се поставува прашањето до кога ќе останат неоштетени???


Поврзани содржини
Во тек се неколку работни активности во Општина Радовиш
Граѓаните да достават е-маил за електронска достава на решенија, остануваат и хертиените
Општина Радовиш објавува Јавен оглас за работно ангажирање на лица кои ќе вршат достава на решенија за данок на имот
ЈАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш во областа на културата
ЈАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи
Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста
Радовиш
ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари
Published
5 часа agoна
октомври 4, 2023By
Media Press
ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.
„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.
Радовиш
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
Published
2 дена agoна
октомври 2, 2023By
Media Press
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.
Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили
