Connect with us

Радовиш

Професорите се на работа, но настава не се одржува во средното училиште во Радовиш

Avatar

Published

на

Професорите и наставниците се на работа, но настава не се одржува во средното и основните училишта во Општина Радовиш.

Празни училници и без ученици во училиштата. Учениците денеска немаат настава поради најавениот штрајк на професорите наставниците и воспитувачите кој денеска го започнаа големиот штрајк во образованието.

  Генералниот штрајк во училиштата и градинките СОНК го организира бидејќи не е исполнето нивното барање веднаш да се зголемат платите на вработените во образованието и градинките за 18,4 проценти, односно нивно усогласување со порастот на миниманата плата, која од овој месец е зголемена од 15.200 на 18.000 денари, како и дополнително – минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места. Денеска штрајкуваа и вработените во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, од каде ни ги потврдија нивните барања поради кои се организира овој штрајк.  


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе повика на брзо решение, за штрајкот да заврши и наставата да продолжи.

„Го почитувам синдикалното право на штрајк, но тој треба да биде крајна одлука и последен чекор“, изјави министерот Шаќири и додаде дека социјалниот дијалог ќе продолжи и дека денеска или утре со СОНК ќе имаат средба.

Додека вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека СОНК се согласил дека мора да има шест месеци за усогласувањето на платите во образованието и не го испочитувал договорот.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека уште од пред пет години платите морало да бидат усогласени со Законот за минимална плата но досега не биле усогласени.

Денеска штрајкуваа и вработените во  ДГ Ацо Караманов во Радовиш, но според она што го дознаваме сите  дечињата донесени во градинка сепак беа згрижени од вработените кои беа организирани.

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе