Connect with us

Радовиш

Започна проектот „Зонско паркирање“ во Радовиш, со обележување на хоризонталната сигнализација

Avatar

Published

на

Општина Радовиш ќе го решава проблемот со неконтролираното паркирање по улиците во градот, кој се провлекува со години. Се паркира кој каде ќе стигне, на тротоар, на велосипедска и пешачка патека, на улица пред влезни врати на приватни куќи, пред влезови во училишта и други јавни установи. Конечно овој проблем ќе се решава и ќе се става ред во сообраќајниот хаос.

Започна проектот „Зонско паркирање“ во Општина Радовиш, со обележување на хоризонталната сигнализација, односно обележување на сите утврдени паркинг места и пешачки премини, согласно сообраќајниот проект. Исто така ќе бидат поставени и сообраќајни знаци согласно проектот и новиот режим на сообраќај во Радовиш.

Целта е решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува Општина Радовиш веќе подолго време.

„Преку проектот „Зонско паркирање„ очекуваме да се реши преголемата оптовареност на сообраќајот во нашата општина а со тоа и регулирање на постоечките паркинг места и целосно ставање под контрола на паркирањето во градот“ вели градоначалникот Ацо Ристов.

Со цел обележувањето да се одвива непречено и ефективно, од општината апелираат до граѓаните во овој момент е да не паркираат каде што е планирано да се врши обележувањето.

„Со ваша помош да успееме да ставиме ред во сообраќајот и заедно да го решиме проблемот со паркирањето во нашата општина“, стои во апелот од општината.

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе