Connect with us

Радовиш

Започнува проектот „Зонско паркирање„ во Радовиш, со кој се очекува да се реши преголемата оптовареност на сообраќајот

Avatar

Published

на

Општина Радовиш започнува со решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува во изминатите години, проблемот со паркирањето по улиците во градот. Градоначалникот Ацо Ристов најави дека започнува проектот „Зонско паркирање„ со кој очекува да се реши преголемата оптовареност на сообраќајот во Радовиш, а со тоа и регулирање на постоечките паркинг места и целосно ставање под контрола на паркирањето во градот.

„На почетокот, во соработка со ОВР Радовиш ја реализиравме кампањата „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“ со цел да ја подигнеме свеста кај граѓаните за важноста на решавањето на овој проблем. Во почетокот на наредната недела, започнуваме со поставување на нова и обнова на постоечката вертикална сигнализација, преку поставување на сообраќајни знаци согласно сообраќајниот проект и новиот режим на сообраќај во нашата општина“, објави градоначалникот Ристов на својот ФБ Профил.

Во рамките на проектот како што вели Ристов, во соработка со ОВР Радовиш, ЈП Плаваја и ТППЕ Радовиш, ќе започнат и со ново обележување на хоризонталната сигнализација, односно обележување на сите утврдени паркинг места и пешачки премини, согласно сообраќајниот проект.

„Дополнително ќе бидете известени за текот и распоредот на оваа акција, со цел истата да се одвива непречено и ефективно. Она што е најважно за сите нас во овој момент е да воспоставиме високо ниво на соработка и со ваша помош да успееме да ставиме ред во сообраќајот и заедно да го решиме проблемот со паркирањето во нашата општина“, вели Ристов.

Следствено на ова, како што информира градоначалникот на Ацо Ристов, во соработка со ЈП Плаваја, ќе следуваат известувања и уште повеќе информации во делот на организирањето и се што ќе биде поврзано со зонското паркирање, каде граѓаните ќе имаат можности да даваат мислења и забелешки а се со цел, сите да бидат задоволни од решавањето на овој проблем во Општина Радовиш.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе