Радовиш
Во втора урбана заедница во Радовиш денеска ќе има прекин на водоснабдувањето

Published
1 месец agoна
By
Media Press
Јавното претпријатие Плаваја Радовиш ги информира граѓаните кои што живеат во втора урбана заедница во Радовиш дека денеска ќе има нарушување во водоснабдувањето.
„ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ДИСТРИБУТИВНА ЛИНИЈА ДЕНЕС СРЕДА 06 АПРИЛ 2022 ГОДИНА НА ДЕЛОВИ ОД ВТОРАТА УРБАНАТА ЗАЕДНИЦА ВО РАДОВИШ ЌЕ ИМА НАРУШЕНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ И ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО.
ДЕФЕКТОТ СЕ САНИРА И ПОСЛЕ ТОА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА“ стои во известувањето од Јп Плаваја Радовиш.
Поврзани содржини
ИЗВЕСТУВАЊЕ за корисниците од третата урбана заедница во Радовиш
ЈП Плаваја набави нов камион за собирање на отпад, за подобрување на услугите на граѓаните
Корисниците од третата, четвртата и петата урбана заедница и населба Раклиш денеска ќе имат прекин во водоснабдувањето
Плаваја: “Да бидеме општина за пример…”
Поради санирање на дефект втора урбана заедница во Радовиш денеска имаше прекин во водоснабдувањето
Во недела наутро ЈП Плаваја ќе врши кастрење на високостеблести дрвја, препаркирајте ги своите возила
Радовиш
Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

Published
5 часа agoна
мај 19, 2022By
Media Press
ТППЕ од Радовиш денеска одржа ЕДНА ОД РЕДОВНИТЕ показни вешби за брза реакција при појава на пожари, која што се одржа во кругот на Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.

„Ова ќе биде редовна пракса и ќе се одржува еднаш месечно за подготвеноста да бида на повисоко ниво“, рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше присутен при одржувањето на вежбата.
Екипата од ТППЕ покажа висока подготвеност доколку има потреба за брза реакција за интервенција на пожар на височина. Во вежбата беа вклучени три противпожарни возила.

Радовиш
ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
ОО на СДСМ од Радовиш на денешната прес конференција со обвинување, за шест месеци локална власт на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш, промовираат само проекти започнати од претходната власт. Од СДСМ прашуваат каде се најавените капитални проекти како што е нвиот Градски пазар во Радовиш, градскиот рекреативне центар со парк покрај Канлиевата воденица и други.
Радовиш
Општина Радовиш се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Општина Радовиш како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“
Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.
„Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.
Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмирувамена данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.
Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот“, велат од Општина Радовиш.

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
