Радовиш
Обемна дискусија околу енергетската криза од која се засегнати сите општини се разви на седница на Совет на Општина Радовиш
Published
2 години agoна
By
Media PressСоветот на Општина Радовиш ја одржа 6-тата седница на која се расправаше и беа донесени повеќе предлог одлуки и предлог решенија. Како поголема дискусија се разви околу енергетската криза со која се засегнати сите општини.
Ацо Ристов – Градоначалник на општина Радовиш, со Предлог – одлука за спроведување на мерки за заштеда на електрична енергија.
Како што рече градоначалникот Ристов општината како и останатите јавни институции во Општина Радовиш драстично ќе си го потрошат буџетот за плаќање на високи сметки за струја.
Градоначалникот предлага таму каде што може да се заштеди како што е уличното осветлување на булеварот со намалување на светењето на сијалиците. Тој упати и препораки и до училиштата да штедат, бидејќи многу брзо ќе си ги потрошат буџетите.
Градоначалникот Ростов предложи да се исклучува уличното осветлување во населените места каде е лоцирано кражба на струја како што е Шаин Маале во Радовиш, во Калугерица и во други населени места.
Сомнеж кај одредени советници има и во сметките за улично осветлување по Еско модел, па од тие причини предлагаат ревизија на договорот.
Поврзани содржини
Доенесени повеќе предлог одлуки на 27-та седница на Совет, верифициран мандат на нов советник
На седница на Совет на Општина Радовиш донесени околу 50-тина предлог одлуки
Дискусија на седница на Совет на Општина Радовиш, се бара решение на проблемот околу погребалните услуги
Градоначалникот Ристов образложи на седница на Совет како ќе функционира проектот Зонско паркирање
Се одржа првата (конститутивна) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Ужевски: Дали во Радовиш ќе има нов супер маркет во Спортско рекреативниот центар Шампион?
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
