Connect with us

Конче

Златко Ристов: Можеби можеш и ти, пробај изнуди среќа!!

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов со хуман гест во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници. Тој се откажува од својата новогодишна прослава и Новата година ќе ја дочека во кругот на семејството, со цел парите шти би ги поторшил, да ги донира на социјално загрозено семејство. Тој донира машина за перење на семејство од  Дедино брат и две сестри од кои едната сестра е неподвижна.

„Да подариме онаму каде што е неопходно, јас се откажувам од новогодишната прослава ,со единствена цел средствата да ги донирам на семејство кое му најпотребно“, напиша Ристов на социјалните мрежи испраќајќи порака за хуманост „Можеби можеш и ти , пробај изнуди среќа!!“

Конче

Делегација од Општина Бојуккариштиран од Турција во посета на Општина Конче

Media Press

Published

на

Делегација од збратимена Општина  Бојуккариштиран од Турција денеска беше во посета на Општина Конче. Градоначалникот на општината Златко Ристов им посака срдечно добредојде на градоначалникот од турската општина и на неговите соработници.

Градоначалникот Ристов се надева дека од оваа средба ќе произлезе и нова соработка за во иднина за што се разговараше и во неговиот кабинет. Двајцата градоначалниц разменија милења а си разменија и пригодни подароци. 

Потоа делегацијата изврши увид на културни знаменитости во Општина Конче, на новоизградениот паркинг простор  пред манастирот Свети Стефан, за кој тие донираа финасиски средства,  како и манастирот Свети Стефан и на џамијата во Конче.

Прочитај повеќе

Конче

Во близина на Конче пронајдена рачна бомба од Првата светска војна

Media Press

Published

на

На 02.01.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Радовиш, М.С.(46) од с.Конче пријавил дека во близина на селото пронашле рачна бомба. На 03.01.2022 бомбата била подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Штип, при што било утврдено дека станува збор за неексплодирана рачна бомба која потекнува од Првата светска војна.

Прочитај повеќе

Конче

Заклучок од ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, БРАНА МАНТОВО од Државниот инспекторат за животна средина

Media Press

Published

на

Во контекст на вчерашните нстани, со цел коректно, транспаренто и целосно запознавање на јавноста со деталите, од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина објавен е заклучокот.

„На ден 28 Декември извршен е вонреден инспекциски надзор од страна на Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларии Струмица и Гевгелија во присуство на управителот и инженер по екологија во правниот субјект БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш.

За време на вонредниот инспекциски надзор на Брана Мантово под круната на браната утврдено е: зелено обојување на површината од водата со видливи зелени честици, и слабо сина боја во водата и по камењата (во непосредна близина до брегот), на средината под круната на браната има зелена боја на површината од водата со видливи зелени честици, и светло сино обојување на места во водата, а во горниот дел под круната на браната има насобрано отпад од пластични шишиња најлонски ќеси како и остатоци од листови и гранчиња, а водата е запенета и на повеќе места има потемно сино обојување во водата, по камењата и врз пластичните шишиња. Во Брана Мантово појавата на зелена боја на површината од водата со видливи зелени честици и синото обојување на некои места не е утврдено од што е настанато, а не се знае и со каков квалитет е водата во Брана Мантово. Инспекцискиот надзор е извршен долж целиот брег на Брана Мантово во длабочината на водата и се гледа зелена боја, на брегот на брана Мантово од страната на населбата водата е: светло зелена боја, на некои места е светло сина боја, а на површината од водата нема зелени честици. Од страна на БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш на 28.12.2021 година повикани се лица од Универзитетот Гоце Делчев – Штип Земјоделски факултет УНИЛАБ и земени се мостри од водата од брана Мантово, на 29.12.2021 година ќе се извршат останати мерења на квалитетот на водата од Технолаб ДОО Скопје. При надзорот на лице место направени се фотографски снимки (подолу).

За време на инспекцискиот надзор нема истек на води од БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш во Брана Мантово и не е приметена видлива прашина во воздухот.Извештаите од двете мерења ќе бидат доставени до ДИЖС“, стои во заклучокот.

Како што соопштуваат од рудникот Боров Дол, денес повторно ќе се излезе на терен, а како што и вчера е изјавено, веднаш по добивањето на резултатите ќе се објават јавно. Испитувањата се вршат од страна на независни акредитирани лаборатории.

Прочитај повеќе