Connect with us

Конче

Златко Ристов е повторно кандидат за градоначалник на Општина Конче

Media Press

Објавено на

ИК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа утврди 25 кандидати за градоначалници кои убедливо воделе според сите анкети во општините за кои се предлагаат.

Златко Ристов е повторно кандидат за градоначалник на Општина Конче.

„Со огромно задоволство и гордост, Ви ја соопштувам мојата нова кандидатура за Градоначалник на општина Конче.

Овој избор за мене претставува голема чест и признание за мојот ангажман и работа како градоначалник на општина Конче во изминативе години, но и голема одговорност и предизвик да продолжиме со создавање на нови политики и проекти кои ќе го подобрат животот за сите граѓани во нашата општината.

Ќе продолжиме со чесно, одговорно и посветено работење, како и до сега.

Благодарност на сите за досегашната поддршка, на сите поддржувачи кои од првиот ден застанаа зад мене, на мојот тим во општината со кој макотрпно работевме да реализираме што повеќе проекти, но најмногу од се благодарност до сите граѓани на општина Конче кои несебично ја дадоа поддршката за сите проекти и активности.

Не беше лесно затекнавме финансиски долгови, но беше чест и привилегија да се работи за својот народ.

Искрено се надевам дека за овој период ја оправдав довербата која ми ја дадовте. Јас и мојот тим дадовме се од себе за подобра општина Конче.

Нема населено место каде не се реализирани по неколку проекти.

Општина Конче мора да биде пристојно место за сите сегашни и идни генерации.

Благодарност за укажаната доверба на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски“, вели актуелниот градоначалник на Општина Конче и кандидат за втор мандат Златко Ристов.

Конче

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Media Press

Published

на

На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.

На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.

„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.

Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.

Прочитај повеќе

Конче

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

Media Press

Published

на

На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче,  полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.

Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе