Новогодишен фестивал Радовиш „Светол Град“ во организација на ЦК Ацо Карманов, поддржан од Општина Радовиш
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници Општина Радовиш и Центарот за култура „Ацо Караманов“ со заеднички проект ќе ги разубават празниците на радовишани, како на дечињата така и на возрасните. Радовиш „Светол Град“е насловен прокетот во чии рамки ќе се одржи Новогодишен фестивал а синоќа беше отнорен Новогодишно-Божиќен базар со богата музичко сценска програма на студиото за модерен балет Газели од Радовиш и настап на диџеј.
Центарот на Радовиш кој симболично беше во мрак, го осветлуваа само запалените факели на децата кои беа учесници во програмата, за подоцна да биде осветлен во новогодишен амбиент. Градоначалникот Ацо Ристов ги поздрави присутните и им посака среќни новогодишни и божиќни празници.
„Овој проект е светол, не затоа што го осветливме или украсивме Радовиш, туку затоа што доаѓаат најубавите и највеселите празници, кога сите ние треба да сме заедно, и со ведри насмевки да се радуваме и дружиме“, рече градоначалникот Ристов , кој им посака пријатни и весели моменти на сите граѓани во текот на новогодишните и божиќните празници.
Проектот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“. Во текот на богатата програма учениците и членовите на Балетското студио „Газели“ со своите настапи ги исполнија срцата и душите на многубројните присутни на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.