Советот на Општина Радовиш ја одржа четвртата седница, со дневен ред од 57 точки
Советот на Општина Радовиш ја одржа 4-та седница и во 6 часа колку што траеше истата, беа ставени на гласање и за расправа 57 точки од дневниот ред.
На почеткот советниците од опозицијата излегоа со барање за следната седница навреме да се доставуваат материјалите за работа, во спротивно тие нема да присуствуваат на седница, со што се сложија и останатите советници. Во делот на Советнички прашања беше поставено само едно прашање дали може советниците да добијат просторија во општинската зграда која би ја користиле сите советници. Градоначалникот Ацо Ристов рече дека нема слободни посебни простории но дека советниците можат да ги користат двете сали за состаноци кога се празни, како и неговиот кабинет кога не е присутен во него.
Во продолжение беа доенесени и останатите точки. Предлог одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈОУДГ Ацо Караманов во Радовиш како и усвојување на годишната програма за работа на детската установа по образложението од директорката Љупка Тренчев беше изгласана.
Потоа беа усвоени Годишните програми за работа на ОО на
Црвен крст од Радовиш, на ОНБ Браќа Миладиновци и на ЦК Ацо Караманов во
Радовиш. Беше усвоена и предлог програмата за родова рамноправност за 2022
година.
Потоа беше усвоена одлуката за усвојување на Финансиски
извештај за работа на ЈП Плаваја од Радовиш, како и усвојување на Општинскиот
оперативен план за заштита од поплави и уривање на високи брани за 2022 година.
Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов даде одредено образложение околу Општинскиот оперативен план за заштита од снег и снежни намети за 2022 година, на што се надоврза и директорот на ЈП Плаваја Дејан Крстев.
Во продолежни на седницата беше усвоен Општинскиот оперативен план за заштита од пожари за 2022 година, потоа Програмата за управување со отпад на територијата на Општина Радовиш за 2022 година, усвојување на Програмата за јавна чистота, како и Годишната програма за одржување градските гробишта, на паркови и други јавни површини во Општина Радовиш, како и други предлог одлуки и предлог решенија.