Македонија

Потпишани три договори во Тирана, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“

Со договорите што ги потпишаа во Тирана Заев, Рама и Вучиќ, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, единствениот пазар на трудот и услугите за граѓаните во регионот стануваат реалност, а чекањето на границите се сведува на минимум, информираат од Владата.

Трите договори од Тирана потпишани помеѓу Македонија Албанија и Србија, ќе ги поврзуваат граѓани, пазарите и економиите во регионот според најдобрите европски вредности.

Премиерот Заев на прес-конференцијата во Тирана истакна дека со договорите кои  беа потпишани како трилатерални им се овозможува на граѓаните на Македонија, Албанија и Србија слободно да се движат и да работат во секоја од нив, како и олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји.

Премиерот Рама нагласи дека договорите одат во насока на изедначување со принципите на пазарите на ЕУ и за регионот претставуваат чекор напред во хармонизирање со регулативите и практичните придобивки за бизнис заедниците и граѓаните.

Претседателот Вучиќ истакна дека е најбитно што од договорите граѓаните на трите земји ќе имаат директна придобивка и упати благодарност до премиерот Заев за неговиот придонес оваа иницијатива не само да се одржи, туку да ги даде и првите конкретни резултати преку кои се менува лицето на регионот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago