Connect with us

Радовиш

Одржани 48 „Караманови поетски средби“ во Радовиш

Media Press

Објавено на

Три дена посветени на поезијата во Радовиш. На 16, 17 и 18 декември се одржа 48 издание на интернационалната поетска манифестација „Караманови средби“, која традиционално се одржува во Радовиш.

Овогодишните „Караманови поетски средби“ свечено ги отвори  градоначалникот Ацо Ристов кој ги поздрави присутните гости во Центарот за култура „Ацо Карамано“.

Беседа за Ацо Караманов одржа поетот Христо Петрески, претседател на собраниски одбор на Друштвото на писатели на Македонија, кој  беше и добитник на наградата „Караманов 2021“ за најдобра книга од македонски автори.

 Поетите учесници читаа свои песни во рамки на „Поетските меридијани“, а главен настан беше доделувањето на Интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов“ на италијанската поетеса Клаудија Пичино.  

Годинашните „Караманови средби“ завршија на 18-ти  во саботата со промоција на Зборникот на 48 „Караманови средби“ – Борче Панов и Проф, д-р Мишел Павловски во ОНБ Браќа Миладиновци во Радовиш.

 Организатори на Карамановите поетски средби се Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш и Организациониот одбор, а под покровителство на Општина Радовиш.

Во рамките на  48 „Караманови поетски средби“  имаше и  настап на гости од Македонската опера и балет.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе