Радовиш
Градоначалникот Ристов оствари средба со стопанственици кои се лоцирани во склоп на Градскиот пазар во Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска оствари средба со стопанственици кои со својата дејност се лоцирани во склоп на Градскиот пазар во Радовиш.

„Целта на средбата беше изградбата на нов Градски пазар која е планирана за идната година. Во таа насока беа разменети мислења околу сегашните проблеми, новите можности за користење на објектите, можности за инвестиции и секакви други идеи во делот на изградбата и изгледот на новиот пазар“, информираат од Општината.

Инаку изградба на нов градски пазар беше еден од капитланите проекти кои градоначалникот Ристов го вети пред граѓаните за време на изборната кампања.
Поврзани содржини

Се прибираат предлог проекти кои ќе бидат дел при креирање на Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година

Годинава ќе се одржи ШЕСТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија

Средба со жители од населеното место Тополница во Општина Радовиш

Работна средба посветена на образованието во Општина Радовиш

Градоначалникот Ристов во посета на месната заедница „Извор“ во Калугерица

Костадинов на редовна месечна средба со претставници на Здруженија
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

