Connect with us

Радовиш

Трибина на тема „Болести на зависност“ беше одржана во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Учениците од проектот ACCESS при СОУ “Коста Сусинов” Радовиш, заедно со своите ментори проф. Катерина Сусинова и проф. Наташа Спасевска,  со цел  да се обележи месецот на борба против болестите на зависност – месец ноември, беа присутни на панел дискусија на тема “Болести на зависност” или “Addiction diseases”. Трибината беше во соработка со Организацијата на Црвениот крст од Радовиш.

Свое излагање или презентација имаа четворица панелисти, професионалци во својата област или поточно, полицискиот инспектор Борче Наќев, д-р Весна Јанковска, проф. по филозофија  Јовица Илиќ и училишниот психолог Виолета Србакова.

Учениците беа активни слушатели, слушаа и заинтересирано прашуваа за пороците на денешницата пред кои младите луѓе често паѓаат во искушение. Експлицитно и во детали, секој од панелистите од свој аспект темелно ги објасни зависностите, болестите и последиците кои произлегуваат од нив, мерките и активностите за нивно препознавање и превенција од нив.

Учениците самите себеси се задолжија дека знаењето што го стекнаа на оваа панел дискусија ќе го пренесат до своите сокласници во најбрза можна прилика, а и секогаш ќе се трудат да кажат СТОП за болестите на зависност за себе и за своите другари.

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе