Connect with us

Радовиш

Рудникот Боров Дол го поддржа првиот Social Day организиран во Македонија

Media Press

Published

на

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш, во соработка со Здружението на граѓани Младите Можат – Youth Can и германската фондација Schuler Helfen Leben, ја поддржа глобалната иницијатива Solidarity Action Day- Social Day која што за прв пат годинава се одржа во Македонија. 

Вкупно 26 средношколци имаа можност еден ден да бидат дел од тимот на Боров Дол и да ја искусат работната динамика во рудникот, со тоа што ги извршуваа работните задачи и должности на геолог, инженер еколог, раководител на служба за финансии и сметководство, референт за сметководство, раководител на сектор за човечки ресурси, главен енергетик, раководител на комерција, оператор во диспичерски центар, инженер за безбедност и здравје при работа, раководител на производствено техничко одделение, главен машински инженер, секретар и архивар. 

Средношколците од СОУ Гимназија “Славчо Стојменски” – Штип и од СОУ “Коста Сусинов” во Радовиш, освен што имаа можност да научат нешто повеќе за задачите и одговорностите при работењето, имаа можност и да ги разгледаат потенцијалните области за вработување и насоки за понатамошно образование. Еднодневниот работен ангажман на средношколците им овозможи одблиску да  се запознаат со работна позиција која посакуваат да ја работат во иднина, да научат нешто повеќе за одбраната струка, да стекнат искуство на работно место во реални услови, да ги поврзат стекнатите теоретски знаења со практични вештини, а воедно и да се здобијат со проширена можност за избор на занимања и согледување на можности за професионален и кариерен развој преку споделувањето на експертизи, знаења и искуства од страна на вработените во Боров Дол. Покрај извршувањето на работните обврски, учениците имаа можност за разглед на рудникот и да се запознаат со целокупниот работен процес во Боров Дол. 

“Отворени сме за соработки кои што допринесуваат кон поддржување и развој на младински иницијативи. Среќни сме што бевме дел од реализацијата на првиот Social Day во Република Северна Македонија , кој промовира солидарност и активизам помеѓу младите. Боров Дол  “вработи“  26 средношколци, кои имаа можност преку назначените ментори да се запознаат со работната динамика во рудникот. Се надеваме дека успеавме да ги прошириме хоризонтите на учениците во контекст на нивното идно професионално позиционирање и ги поттикнавме да започнат да размислуваат за својот професионален и кариерен развој. Особено ни е драго што дневницата којашто ја добија за работењето на овој ден ќе ја донираат во младински фонд кој има за цел да поддржи проекти на различни младински иницијативи,” – изјави Павло Кривинскиј, Генерален директор на Боров Дол.

Social Day е ден во кој што средношколците заменуваат еден училиштен за работен ден, при што својата дневница учениците ja донираат во фонд за поддршка на реализирање на младински проекти. На овој ден, учениците добиваат можност да работат на работа по свој избор наместо да одат на училиште. Целта на Social Day е да се воспостави солидарност помеѓу младите во текот на нивните училишни денови, да инспирира активно граѓанство и одржлив општествен развој воден од млади луѓе. 

Радовиш

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица во тек е реализација на проект за спроведување на мерки за енергетска ефикасност

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денеска  беше во посета на општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Ораовица каде во тек е реализацијата на проектот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност согласно програмата за аерозагадување.

Со цел за енергетска ефикасност и заштеда на енергија ке биде заменета постоечката алуминиумска столаријата со ПВЦ. Исто така во ова училиште целосно беше реконструиран и спортскиот терен.

Прочитај повеќе

Радовиш

Дали општинските згради за нова година ќе останат без струја, градоначалникот Ацо Ристов бара решение од надлежните институции

Media Press

Published

на

Дали зградата на  Локалната самоуправа на Општина Радовиш за нова година ќе остане без струја, како и и јавните образовни институции и уличното осветлување во градот, поради актуелната енергетска криза, или ќе има измени во постапката за набавка на струја, беше проблем кој го спомна градоначалникот Ацо Ристов на одржаниот регионален состанок на ЦУК, кој вчера се одржа во Радовиш и на кој беше присутен и директорот Стојанче Ангелов.

Со овој проблем како што спомна Ристов освен Радовиш се соочуваат и останатите општини и тој побара брза интервенција на Владата со уредба да се смени регулативата за набавка на електрична енергкија и од слободен да се префрлат на регулиран пазар за купување на струја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на работна средба со институциите за безбедноста на граѓаните за општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

Работна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Радовиш во проширен состав, со активно присусто на новите градочалници на општините Радовиш, Ацо Ристов и на Конче, Златко Ристов, се одржа во просториите на општина Радовиш- сала за совет, под раководство на Стојанче Ангелов, диркторот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). По воведодот на рководителот на РЦУК Радовиш, Драги Стојанов согласно дневниот ред, се разви обемна и конструктивна дискусија за подготвеност на субјектите за претстојниот зимски период.
Притоа, имаше размена на идеи предлози, законски надлежности на институциите на подрачјето на општините Радовиш и Конче во интерес на безбедноста и сигурноста на граѓаните.


На работната средба учествуваа и раковидители на Секторот за операции и координација (СОК) од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и сите субјекти од Системот за управување со кризи од општините Радовиш и Конче.
Беа донесени заклучоци што претставуваат идна патека за работа во контекст со локалниот менаџмент на кризи во координација со националните правци, со стратешка определба за реално техничко и командно зајакнување, како што посочи Ангелов, а како што градоначалниците потврдија, во контекст на намалување и анулирње на невољите при кризни состојби, како локални, така и регионални. Конкретно, беа донесени глобални заклучоци, кои ќе се практикуваат и локално адаптирани на можните кризни предизвици:

Интензивирање и продолжување на соработката и комуникацијата со субјектите во системот на локално ниво, заради навремено информирање за сите појави и настстани што можат да предизвикаат несакани последици и опасности од поплави, одрони на земја, лизгање на терени, прекини во патниот сообраќај, студено време , наноси од снег и други карактеристични појави за периодот што следува.

Задолжително следење на комуналните претпријатија и водостопанските субјекти на водостоите на реките и речните корита, постојана комуникација и координација со стопанствениците на високи брани. Нормално и да се пропагира до населението да не ги фрла отпадоците во веќе исчистените канали.

Задолжително користење и постапување по оперативните планови за заштита и одбрана од поплави, што ги имаат донесено за дејствување во вакви состојби.

Инаку, покрај директор на Центар за управување со кризи, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, управителот на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш, на седницата зедоа учество и членовите на Ргионалниот штаб: директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш, СВР Струмица ОВР Радовиш, ЕЛС Радовиш, ЕЛС Конче, МЗШВ ПЕ Радовиш, Републички инспектор за патишта, ОО Црвен крст Радовиш, ЈП „Плаваја“ Радовиш, ТППЕ Радовиш, Македонски шуми ПШС „Плачковица“ Радовиш, и АД „Водостопанство“ подружница Радовиш.

Прочитај повеќе