Connect with us

Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на Конче Златко Ристов, во посета на населените места

Media Press

Published

на

Кандидатот за градоначалник на Конче од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата Златко Ристов, со посета на населените места и средби со граѓани, ја бара поддршката за претстојните локални избори.

„Денес бев во посета на моето родно Село Ракитец , во друштво со највозрасниот жител дедо Стојан -гајдаџијата, а и кај одгледувачот на природен мед Ванчо Ристов. Се разбира во посета и на село Габревци кај вредните земјоделци… Плодна е општина Конче !!!“ вели Ристов, кој притоа ги запознава жителите што тој нуди во својата програма.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2021

Втор круг на локални избори ќе има во пет општини во Југоистокот

Media Press

Published

на

Во пет општини во Југоистокот ќе има втор круг на гласање кое ќе се одржи на 31 октомври.

Втор круг на локалните избори  ќе има во општина Радовиш. Според обработените податоци на ДИК, засега Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ  со  4.894 води пред останатите тројца противкандидати. Тој ќе ја води битката во вториот круг со  Коле Чаракчиев кој засега има  3280 освоено гласови.  Горан Поцев освои 2071 и Герасим Конзулов 1895 од вкупните гласачи.

Во Гевгелија во трка во вториот круг  влегуваат Андон Сарамандов, кандидатото на ВМРО -ДПМНЕ со 6.064 гласа  и актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од СДСМ, Сашо Поцков со 4.465 освоени гласови. Виктор Петков од ЛДП и ДОМ освои 999 гласови, Глигор Петков независен кандидат 504 и Љупчо Кадиев од ИНТЕГРА 129 гласа.

Тесна ќе биде трката во вториот круг помеѓу кандидатите за градоначалник на општина Василево. Таму води Славе Андонов од ВМРО -ДПМНЕ со 3.090 гласови пред Марјан Јанев  од СДСМ  кој освои 3.035.

Втор круг на гласање ќе има и во Општина Конче. Актуелниот градоначалник води со 968 освоени гласови пред Златко Ристов од ВМРО ДПМНЕ кој освои  859. Орхан Баров од ДПТ освои 172 гласови.

 Уште една општина во југоистокот ќе има втор круг за избор на градоначалник на локалните избори 2021. Ново Село не доби градоначалник во првиот круг. За две седмици двајцата кандидати уште еднаш ќе си ги одмерат силите. Звонко Ангелов од СДСМ и Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се тркаат за две седмици. Неофицијално, причина е големиот број на неважечки ливчиња, околу 160. Вера во Македонија се одржаа седмите по ред локални избори на кои според податоците кои сега стојат на располагање, вкупната излезенос била 48% односно гласале 848.104 граѓани од вкупно запишаните во избирачкиот список 1.824.864 гласачи, а податоците сеуште се обработуваат.

Гласањето во последните избирачки места според ДИК завршило во 21:55 часот вчера, односно два часа и 55 минути по 19 часот, кога требаше да се затворат избирачките места.

Апаратите за земање отпечаток од прст, што првпат се користат на овие избори, не оставија добар впечаток кај гласачите и тие беа најчестите проблеми со кои се соочуваа и гласачите и членовите на избирачките одбори.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Пет општини во Југоистокот прогласија победа во првиот круг

Media Press

Published

на

Државната изборна комисија сѐ уште ги нема објавено конечните податоци за одзивот на локалните избори кои се одржаа вчера.

Колку избирачи излегле на гласање на локалните избори во Македонија и натаму не се знае точно.

Засега победа во прв круг најавија пет општини во Југоистокот: Костадин Костадинов кандидатот за градоначалник на Струмица со 13.760 гласови  е во убедливо водство пред противкандидатите Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ за кого гласале 10291 гласачи и Васе Витанов од Интегра со 346 гласови.

Валандово со актуелниот градоначалник Перо Костадинов, Богданци  со актуелниот градоначалник Блажо Шапов и Дојран со Актуелниот градоначалник Анго Ангов, сите кандидати на СДСМ  и во Босилово каде победи кандидатот на ВМРО -ДПМНЕ, Ристо Манчев. Таму тој беше во убедливо водство со 4156 гласови против кандидатот, актуелниот градоначалник на СДСМ, Зоран Зимбаков кој освои 2.708 гласови.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Златко Ристов денеска на митинг во Габревци и Лубница

Media Press

Published

на

Кандидатот за градоначалник на Општина Конче од ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата Златко Ристов ги повикува жителите од Општина Конче да присуствуваат денеска на  митинг во населените места с.Габревци 17.30 часот и с.Лубница 19.30 часот. Како што вели Ристов, во оваа прилика ќе ја образложи програмата пред присутните жители на населените места и што ќе направи за подобрување на условите за живеење.

Тој деновиве активно ги посетува населените места во општината и остварува средби со граѓани со цел одблиску да се запознае со нивните проблеми.  

Прочитај повеќе