Избори 2021
Златко Ристов денеска на митинг во Габревци и Лубница
Published
3 години agoна
By
Media PressКандидатот за градоначалник на Општина Конче од ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата Златко Ристов ги повикува жителите од Општина Конче да присуствуваат денеска на митинг во населените места с.Габревци 17.30 часот и с.Лубница 19.30 часот. Како што вели Ристов, во оваа прилика ќе ја образложи програмата пред присутните жители на населените места и што ќе направи за подобрување на условите за живеење.
Тој деновиве активно ги посетува населените места во општината и остварува средби со граѓани со цел одблиску да се запознае со нивните проблеми.
Поврзани содржини
ВМРО -ДПМНЕ со претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова одржа голем митинг во Радовиш
Ристов: Старата Стоковна куќа во Радовиш добива ново име и нова функција
Градоначалникот Ристов изврши увид на асфалтираната улица – обиколница која ги поврзува улица Калузлиска со Наслеба Куклевица во Радовиш
Започна реконструкцијата на Домот на културата во с. Лубница, Општина Конче
По повод новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот Ристов, подари новогодишни пакетчиња
ЛАГ Плачковица реализира локална иницијатива за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница
Избори 2021
ДИК ги објави конечните резултати од вториот изборен круг
Published
2 години agoна
ноември 4, 2021By
Media PressДржавната изборна комисија на вчерашната седница го донесе заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021, за соодветните општини.
На гласањето во вториот изборен круг одржано на 31.10.2021 година се избрани градоначалници во следните општини:
Општина | Подносител на листа на кандидат за градоначалник | Име и презиме на избран градоначалник |
Арачиново | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Ридван Ибраими |
Битола | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Тони Коњановски |
Боговиње | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Бесник Емши |
Василево | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Славе Андонов |
Вевчани | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Спасе Кочовски |
Врапчиште | Коалиција алијанса за албанците и алтернатива | Исен Шабани |
Гевгелија | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Андон Сарамандов |
Гостивар | Коалиција алијанса за албанците и алтернатива | Арбен Таравари |
Дебрца | Група избирачи „Зоран Ногачески“ | Зоран Ногачески |
Демир Капија | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Лазар Петров |
Демир Хисар | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Никола Најдовски |
Долнени | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Урим Ибески |
Зелениково | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Коста Маневски |
Карпош | Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ | Стевчо Јакимовски |
Кичево | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Фатмир Дехари |
Кратово | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Тодорче Николовски |
Куманово | Група избирачи „Максим Димитриевски“ | Максим Димитриевски |
Лозово | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Бошко Цветковски |
Македонска Каменица | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Димчо Атанасовски |
Македонски брод | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Жарко Ристески |
Ново Село | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Ѓорѓе Божинов |
Охрид | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Кирил Пецаков |
Пехчево | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Александар Китански |
Радовиш | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Ацо Ристов |
Ранковце | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Борче Спасовски |
Ресен | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ | Јован Тозиевски |
Росоман | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Стојан Николов |
Струга | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Рамис Мерко |
Теарце | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Нухи Незири |
Тетово | Движење БЕСА | Биљал Касами |
Центар | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Горан Герасимовски |
Чаир | Демократска унија за интеграција – ДУИ | Висар Ганиу |
Чашка | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Горан Стојановски |
Чучер Сандево | Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ | Сашко Комненовиќ |
Град Скопје | Група избирачи „Данела Арсовска“ | Данела Арсовска |
Избори 2021
ДИК ги објави првичните официјални резултати од вториот круг на Локалните избори
Published
2 години agoна
ноември 1, 2021By
Media PressСогласно објавените првични официјални податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини од кои во 5 општини во Југоисточниот регион. ВМРО -ДПМНЕ однесе победа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш.
Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини – Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир.
Избори 2021
Зоран Заев поднесе оставка како лидер на СДСМ и премиер на државата
Published
2 години agoна
октомври 31, 2021By
Media PressПремиерот Зоран Заев на прес конференција по упатувањето честитки на опонентите за победата во Локалните Избори поднесе оставка од премиерската позиција на државата како и од претседателската функција во СДСМ.
„Ја преземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и од претседател на социјал демократскиот сојуз на Македонија.“ – изјави Заев на прес конференција