Connect with us

Радовиш

Боречкиот клуб „Бучим – Радовиш“ од септември ја отвора Школата за борачи пионери

Media Press

Published

на

Боречкиот клуб „Бучим – Радовиш“ од септември ја отвора Школата за борачи со најмалата возрасна категорија на борачи.

Школата ќе работи секој ден од понеделник до петок со почеток од 17,30 до 19 часот во малата спортска сала во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш .

„Со борачите работат искусни тренери мајстори во борењето во извонредни услови за работа. Управниот одбор на клубот ги презема сите мерки за заштита на животот и здравјето на своите борачи во услови на пандемија, Вели секретарот на Боречкиот клуб Димитар Јованов.

Во школата можат да се запишат борачи од 10 до 13 години а членувањето е бесплатно.

Преку спортот – борењето додава Јованов, настојуваме да изградима една здрава популација која во иднина ќе биде носител на предизвиците и севкупниот живот во државата.

Радовиш

Агресивно однесување од страна на Радовишани кон службените лица од Центар за социјални работи и полицијата

Media Press

Published

на

На 12.01.2022 во 10.20 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.К.(67) од Радовиш, кој околу 10.00 часот на ул.„Шаин маале“ во Радовиш попречувал службени лица од Центар за социјални работи Радовиш во преземање на службени дејствија и се однесувал агресивно кон нив.
По целосно расчистување на случајот против лицето ќе се изготви соодветен поднесок.

На 12.01.2022 година во 12.40 во Полициската станица Радовиш И.Д. од Радовиш пријавил дека околу 10.10 часот на ул.„Шаин маале“ Г.К. од Радовиш се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

Новогодишниот фестивал Радовиш „Светол Град“ продолжува

Media Press

Published

на

На плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ продолжува програмата Радовиш „Светол Град“ во органзизација на ЦК „Ацо Караманов“. Свој настап имаа Распеани Радовишани и неколку Фолклорни ансамбли. ФА Ацо Караманов од Радовиш, ФА Бучим од Радовиш, ФА Подарешани млади од С. Подаеш и ФА Сушевски бисери од с. Сушево.

Новогодишниот фестивал „Светол Град“ во Радовиш е под покровителство на Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Планиран прекин на водоснабдувањето во втората урбана заедница

Media Press

Published

на

Подари замена на линиски вентил, ЈП Плаваја ќе го прекине водоснабдувањето во втората урбана заедница во Радовиш.

Планирано е прекин на водоснабдувањето на 21 Декември од 08:00 до 12:00 часот

Од ЈП Плаваја апелираат до граѓаните да си обезбедат доволни количини вода за пиење и потреби.

Прочитај повеќе