Connect with us

Радовиш

Во Радовиш се одржаа последните обуки за реонски попишувачи, со што тие се подготвени за стартување на пописот

Media Press

Објавено на

Во завршна фаза се подготовките за претстојниот попис кој ќе се спроведе во држата. Во Радовиш денеска се одржаа последните обуки за реонски попишувачи со што тие се подготвени да бидат дел од најголемата статистичка операција. За општините Радовиш и Конче ангажирани се  66 попишувачи и 7 инструктори.

Претседателот на Пописната комисија за општините Радовиш и Конче Драги Стојанов апелира до граѓаните да покажат одговорност и да се попишат, бидејчи попишувачите ќе се придржуваат на протоколите и препораките согласно законот за попис во услови на пандемија.

„Тие се обучени и професионално ќе ја водат целата пописна операција и нама да го загрозат здравјето на граѓаните ниту сопственото здравје“, рече Стојанов потенцирајќо го значењето на пописот.

Со цел организација и спроведување на пописот, на обуките се присутни и државни инструктори кои ја координираат работата на реонските инструктори и попишувачи.

Секој попишувач ќе биде задолжен да носи маска во случај ако заборави, домаќинството може да го потсети, но и попишувачот треба да побара домаќинот да стави заштитна. Доколку некој не отвори врати тоа е на лична одгворност .

Подготвени за пописот се и реоноските инструктори кои ги обучуваа попишувачите.

Поиписот ќе трае од 5 до 30 септември.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе