Connect with us

Радовиш

СДСМ го соопшти името на новиот кандидат за градоначалник на Општина Радовиш

Media Press

Објавено на

Коле Чаракчиев е новиот кандидат за градоначалник на Општина Радовиш.

Чаракчиев влегува во трката за градоначалник на Општина Радовиш на местото на досегашниот градоначалник Герасим Конзулон. Тој ќе се натпреварува со кандидатот за градоначалник од ВМРО -ДПМНЕ Ацо Рситов и со независниот кандидат Горан Поцев.

Во Струмица кандидат за градоначалник ќе биде Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ , кој ги знае состојбите во оваа општина , рече Николовски, кој рече дека кандидатите се сигурни победници , зашто така покажуваат партиските анкети и анализи.

Актулениот градоначалник Сашо Поцков во трка за втор мандат за градоначалник на Гевгелија.

СДСМ денеска ги соопшти имињата на последните 17 кандидати за градоначалниници на општините за кои досега не беа соопштени имиња.

Кандидатите за градоначалници утврдени на вчерашната седница на Извршниот одбор ги соопшти генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски .

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе