Connect with us

Радовиш

Радовиш и Сандански со заеднички проекти се борат против последиците од климатските промени

Media Press

Published

на

Прекуграничните региони на Македонија Бугарија со заеднички проекти се борат против последиците од климатските промени.  Целта е да се намалат или спречат негативните влијанија бидејќи повеќе студии покажуваат дека и Бугарија и Македонија спаѓаат во оние држави за кои се очекува да бидат најпогодени од климатските промени. Радовиш и Сандански се дел од општините кои во изминатите две години со финансиска поддршка на ЕУ реализираа заеднички проект вреден близу 600 000 евра. Со него ги уредија коритата на реките Сушица и Бистрица , а спроведоа и голем број едукативни кампањи.

Од центарот за развој на Југоисточниот плански регион велат дека Поплавите и ерозијата на земјиштето поради неконтролираното сечење на шумите се главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од двете страни на границата.

,,Она што треба ние да го направиме е да спречиме да дојде до такви штети. Затоа треба тука да бидат сите вклучени. Сите државни институции вклучувајќи ги и македонски шуми, општините па дури и невладините организации кои ќе придонесат код подигање на јавната свест кај луѓето се со цел и да ја заштитиме природата, а со тоа и да го направиме и нашиот живот подобар и поквалитетен.,, вели Жулиета Ѓуркова – директор на Центар за развој на ЈИ регион.

Според најавите пограничните региони во иднина посебен акцент ќе стават и на таканаречената зелена инфраструктура, која и во двете држави е слабо застапена, а важи за ефикасно и економично решение за намалување на негативните  последици од поплавите.

Радовиш

Откриена група крадци од Радовиш кои извршиле девет кривични дела

Media Press

Published

на

 Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против три полнолетни лица од Радовиш и едно известување за две малолетни лица од Штип, кои престојувале во Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месеците мај, јуни и јули 2021 година, извршиле девет кривични дела на подрачјата на Радовиш.


Петте лица се сомничат дека сториле шест кривични дела „тешка кражба “ и 3 кривични дела „тешка кражба во обид“ во објекти сопственост на  физички и правни лица, лоцирани во  Радовиш и на планината Плачковица.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.

Прочитај повеќе

Радовиш

Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството

Media Press

Published

на

И покрај пандемијата со Ковид – 19 Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството,  рече пратеникот  и претстедател на  ОО на СДСМ  од Радовиш Коле Чаракчиев, на денешната прес конференција. Тој спомна дел од мерките кои ги реалзира владата во

„Владата инвестираше како во човечки капитал така и во ресурси , инфраструктура и опрема, Специјализации заклучно со 2022 година ке добијат некаде околу 930 лица, во исто време е зголемена капитацијата на матичните лекари“, рече меѓудругото Чаракчиев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предизвикан пожар делумно изгореле викенд куќа и помошен објект во близина на река Сушица во Радовиш

Media Press

Published

на

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Прочитај повеќе