Connect with us

Струмица

Тешко повредена мaлолетничка откако со автомобил излетала од патот

Avatar

Published

на

Малолетна девојка е тешко повредена во несреќа што се случила вчера во 11.00 часот на локален пат од с.Добрејци кон с.Пиперево, струмичко.

Како што соопштува МВР, патничко возило „лада“, без регистарски ознаки, управувано од 17–годишна малолетничка, изгубило контрола и излетало од коловозот во р.Струмица.

Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица.

„На 21.07.2020 во 11.00 часот локален пат од с.Добрејци кон с.Пиперево, струмичко, поточно на мост на река Струмица, патничко возило „лада“, без регистарски ознаки, управувано од 17–годишна малолетничка, изгубило контрола и излетало од коловозот во р.Струмица.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Струмица, каде што била пренесена за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица.“ – Стои во соопштението од МВР

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе