Connect with us

Радовиш

Од запуштен и небезбеден дел, речното корито на Сушица добива нов изглед

Avatar

Published

на

Корито на река Сушица во Радовиш добива нов и уреден изглед. Градежните активности забрзано се одвиваат ова лето и од запуштен и небезбеден дел, се доаѓа до уредено корито што е и целта на проектот со кој е планирано регулација на околу 630 метри од речното корито на реката Сушица.

Целта е превенција и намалување  на последиците од евентуалните катастрофи, пред се поплавите кои во последните 20 години се честа појава во овој регион.

Реализацијата на  проектот  ќе значи многу не  само за општината, туку и за целиот струмички регион во кој се сливаат надојдените води. Станува збор за проект кој се реалзира преку Центарот за развој на ЈУ регион со прекугранична соработка  на Радовиш и Сандански од Бугарија.

Според градоначалникот Герасим  Конзулов ова е прва фаза од проектот и во следните неколку години треба да биде завршен потегот од 2,2 километри. Еден од главните зафати е уредување на дел од коритото на река Сушица која само во последните десетина години се има излеано три пати.

Проектот ќе се реализира во наредните две години. Еден дел од активностите е насочен кон подигањето на свеста за климатските промени и последиците од нив.

Истиот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија.

 Проектот е вреден околу 588 илјади евра. Со свој дел од околу 192 000 евра учествува и општина Радовиш.

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе