Радовиш
Делегација од Сандански, Бугарија партнер во проектот за регулација на речното корито на Сушица, во посета на Радовиш
Објавено на
Од
Media PressДелегација од Општина Сандански Бугарија, денеска беше во посета на Општина Радовиш како дел од проектот за прекугранична соработка за регулација на речното корито на река Сушица, кој се реализира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Тие заедно со градоначалникот Герасим Конзулов и претставници од Општина Радовиш извршија увид во работните активности.

Градоначалникот Конзулов уште еднаш го потенцира значењето на проектот имајќи го во предвид ризикот од поплави на река Сушица при пообилни врнежи од дожд. Сличен ваков проект се реализира и во Општина Сандански.

„Особено сме радосни што овој проект се ближи кон својот крај, бидејќи е важен проект како за нас така и за Општина Радовиш бидејќи граѓаните треба да бидат запознаени со климатските промени за можеме заедно да се спротивставиме на и да ги намалиме ризиците од катастрофи. Ние сме запознаени дека оваа река еднаш предивикала голема полава и околината настрадала од водата и затоа е предвидено да се изгради овој потпорен ѕид, кој ќе спречи материјални штети но и спасување на човечки животи. Во Општина Сандански имаме реализирано ваков вид на проект на река Санданска бистрица, блиску до селото Лиланово кој исто е регион подложен на полави. За наша радост проектот во голем дел е завршен предвреме и нема веќе ризик од поплави. Но освен овие инфраструктурни работи реализиравме и многу информативни работи како округли маси тука и во Општиона Сандански пред се со млади луѓе да бидат запознаени со ризиците од климатските промени и засадивме дрвца во Сандански. Исто и тука е предвидено да засадување дрца со млади лица од училиштата“, вели Константин Стаев од Општина Сандански, кој работел во делот на реализација на проекти финансирани главно од европските фондови.
Делегацијата од Бугарија е задоволна од приемот во Општина Радовиш и се надеваат дека соработката ќе продолжи и за други проекти.
Градоначалникот Конзулов спомна неколку Општински градежни активности кои се реализираат во овој период меѓу кои и новото сообраќајно решение за приклучување кон ул. Свети Спасо Радовишки од правец на ул. Чеде Филиповски- Даме, кое граѓаните оддамна го посакуваа.
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!




