Connect with us

Радовиш

Лекарите советуваат што треба да се прави и на што да се внимава по примањето на вакцината

Media Press

Објавено на

Вакцинацијата на вакциналниот пункт при Здравствениот дом во Радовиш  се одвива без проблеми. Граѓаните кои се пријавиле за вакцинација се вакцинираат согласно добиениот термин со вакцината Синовак.  Младите волонтери  од црвениот крст од Радовиш помага во пополнување на изјавата за согласност на лицата кои треба да се вакцинираат, и се тече без никакви проблеми. Д-р Олгица Велкова која работи во вакциналниот пункт при Здравствениот дом во Радовиш со препораки, што треба а што нетреба да се прави после примената вакцина.

Да се избегнува излегување на сонце, десетина дена да се ибегнува пиење алкохол, да не се работат тешки физички работи, посебно градежните работници да се поштедат или да работат под сенка, храна богата со витамини и протеини и добар сон, се препорачува во деновите додека да се створи имунитетот од вакцината.

Инаку во Радовиш се добини 700 дози од вакцината Синовак. Лицата кои треба да се вакцинираат со себе треба да понесат само документ за идентификација. На прашањето зошто избрале да се вакцинираат, граѓаните најчесто одговараат, поради заштита и страв за да не се разболат, но како честа причина ја наведуваат и поради патување во странство.

Состојбата со корона вирусот во Македонија засега е стабилна. Дневно има по десетина нови случаи.  Задоволува епидемиолошката состојба и во поголемиот дел од Еврепа, иако бројот на нови случи постепено почнува да расте.

Индискиот или делта вид коронавирус, кој е многу позаразен од кој било познат досега, му се заканува на светот.

Велика Британија, која имаше околу 3.000 новоинфицирани лица на ден во почетокот на јуни, сега има скоро 15.000. Скоро сите нови пациенти се заразени со индискиот вид на вирус.

Затоа земјите од ЕУ размислуваат да воведат ограничувања за британските туристи. Германската канцеларка Ангела Меркел дури предложи забрана за влез на Британците во ЕУ, без оглед дали биле вакцинирани или не. Веќе им забрани влез на португалските граѓани во земјата, каде 70 отсто од новите случаи имаат индиски вид на корона. Експертите велат дека вакцинацијата е единствениот начин на заштита од новата варијанта на вирусот.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе