Connect with us

Радовиш

Делегација од Сандански, Бугарија партнер во проектот за регулација на речното корито на Сушица, во посета на Радовиш

Media Press

Published

на

 Делегација од Општина Сандански Бугарија, денеска беше во посета на Општина Радовиш како дел од проектот за прекугранична соработка за регулација на речното корито на река Сушица, кој се реализира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Тие заедно со градоначалникот Герасим Конзулов и претставници од Општина Радовиш извршија увид во работните активности.

Градоначалникот Конзулов уште еднаш го потенцира значењето на проектот имајќи го во предвид ризикот од поплави на река Сушица при пообилни врнежи од дожд. Сличен ваков проект се реализира и во Општина Сандански.

„Особено сме радосни што овој проект се ближи кон својот крај, бидејќи е важен проект како за нас така и за Општина Радовиш бидејќи граѓаните треба да бидат запознаени со климатските промени  за можеме заедно да се спротивставиме на и да ги намалиме ризиците од катастрофи. Ние сме запознаени дека оваа река еднаш предивикала голема полава и околината настрадала  од водата и затоа е предвидено да се изгради овој потпорен ѕид, кој ќе спречи материјални штети  но и спасување на човечки животи. Во Општина  Сандански имаме реализирано ваков вид на проект на река Санданска бистрица, блиску до селото Лиланово кој исто е регион подложен на полави. За наша радост проектот во голем дел е завршен предвреме и нема веќе ризик од поплави. Но освен овие инфраструктурни работи реализиравме и многу информативни работи како округли маси тука и во Општиона Сандански пред се со млади луѓе да бидат запознаени со ризиците од климатските промени и засадивме дрвца во Сандански. Исто и тука е предвидено да засадување  дрца со млади лица од училиштата“, вели Константин Стаев од Општина Сандански, кој работел во делот на реализација на проекти финансирани главно од европските фондови.   

 Делегацијата од Бугарија е задоволна од приемот во Општина Радовиш и се надеваат дека соработката ќе продолжи и за други проекти.

Градоначалникот Конзулов спомна неколку Општински градежни активности кои се реализираат во овој период меѓу кои и  новото сообраќајно решение за приклучување кон ул. Свети Спасо Радовишки од правец на ул. Чеде Филиповски- Даме,  кое граѓаните оддамна го посакуваа.

Радовиш

Архитектите и градежниците од Радовиш и Конче го прославија својот заштитник Свети Апостол Тома

Media Press

Published

на

Архитектите и градежниците од Радовиш и Конче денеска го прославија својот заштитник Свети Апостол Тома.

Околу 30 –тина архитекти и градежници денеска присуствуваа на божествена литургија во црковниот храм Света Троица во Радовиш. Во духот на вистински христијани се помолија и запалија свеќа во чест на овој светец.  Овој празник градежниците го слават над 40 години а преку здружението   во Радовиш се слави 13 години. 

Здружението на архитекти и градежници „Градикон“ во Радовиш брои околу 80 членови.

Традиционално за овој настан се бира и кум на градежниците.

Овогодишниот кум Дарко Илиев го предаде своето кумство на  новата кума  Александра Илиева.

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, неговиот сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Според житието Апостол Тома е единствениот кој  ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело. 

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии ,  а најмногу ѕидарите поради тежината на нивната дејност….

Прочитај повеќе

Радовиш

Поцев: Изборниот резултат не значи пораз, покажавме дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех

Media Press

Published

на

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Радовиш Горан Поцев изразува благодарност до сите граѓани  кои му укажаа доверба на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите за довербата што ми да дадовте и ме направивте горд радовишанец. Радовишанец кој покажа како се сака и се бори за својата општина. Гордо стојам зад сите мои кажани зборови и со крената глава ќе продолжам да чекорам по мојот град , за кој сакав многу нешта да се променат. Радовиш и радовишани се мојот единствен мотив за подобро место на живеење.

Уште еднаш ви благодарам на сите за укажаната доверба и неизмерна поддршка. Со мојот тим дадовме се’ од себе, напорно работевме и сакавме да покажеме нешто ново во општеството и политиката.

Изборниот резултат не значи пораз, ова е еден голем успех за сите кои веруваат дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех.

Покажавме дека нема пред никого да молчиме кога станува збор за овај град и секогаш ќе ставаме стоп на партиските вработувања. Постигнавме нешто за кое допрва ќе станеме свесни.

Без партиска поддршка ретко кој би се осмелил да излезе на избори.

Ние тоа го направивме!

Неизмерна благодарност упатувам и до мојот тим кој стоеше цврсто до мене и ме направи горд.

Затоа: БЛАГОДАРАМ на сите, за се’ што направивте за мене.

Нашиот подвик продолжува и понатаму во друга форма, ова е почетокот на она за кое во иднина сите ќе тежнееме:

Општество на слободни граѓани без партиски товар на грб!“, стои во објавата на Горан Поцев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Конзулов: Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш, Ви благодарам на сите што гласавте слободно

Media Press

Published

на

Актуелниот градоначалник на Општина Радовиш  Герасим Конзулов кој беше кандидат за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ им се заблагодарова на сите граѓани кои ја дале поддршката за него на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите што учествувавте во изборниот процес и гласавте слободно во духот на демократските вредности.

Посебно сакам да Ви се заблагодарам на сите коишто гласавте за мене и советнична листа од коалицијата. Вашиот глас е порака за промени, доказ дека постои граѓански активизам и почитување на вистинските вредности.

Останете посветени на нашата заедничка визија за подобра општина и локална управа која работи за доброто на сите. Вложивме доста труд и постигнавме огромен напредок во повеќе области, впрочем Вие знаете најдобро каква општина наследивме а каква општина оставаме.

Како човек кој професионално и приватно учествувал во градењето на нашиот град и населени места, бев убеден дека граѓаните можат и заслужуваат подобро. Мислам дека го покажав тоа на дело. Денес, локалната управа има нов стандард на работа и обврска во иднина да биде уште подобра.

Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш.

Ви благодарам на сите!“ стои во објавата на Конзулов.

Тој на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посакаува успех, воедно на новоизбраните советници им честита  и им посакува успешна работа.

Прочитај повеќе