Connect with us

Радовиш

Јавен повик за формирање Локален младински совет при Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Радовиш распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат предвидените критериуми: Да имаат активности на територијата на Општина Радовиш. Да  се  основани  и  активни  најмалку  една  година  пред  отворањето  на  овој  повик. Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Радовиш и да се на возраст од 15 до 29 години

Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават документите на имејл: radovis@radovis.gov.mk  или да ги поднесат во архивата на Општина Радовиш на адреса: Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш со ознака
Апликација за членство во Собранието на  млади.

Потребни документи за поднесување се:

1.Портфолио на  организацијата/групата/здружението;

2.Мотивациско писмо за учество  во  Локалното  собрание  на  млади, но  не  повеќе од 1 страница

3.Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Радовиш

4.Номинација на делегат/ка и заменик-делегат/ка со контакт-детали за претставниците.

Рокот за пријавување  е од денеска  29 јуни до  08 јули годинава.

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Радовиш. За повеќе информации околку повикот заинтересираните може да се обратат кај советникот за млади Душан Хаџи-Василев, 078 248 110 hadjivasilev@radovis.gov.mk

.

Радовиш

Откриена група крадци од Радовиш кои извршиле девет кривични дела

Media Press

Published

на

 Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против три полнолетни лица од Радовиш и едно известување за две малолетни лица од Штип, кои престојувале во Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месеците мај, јуни и јули 2021 година, извршиле девет кривични дела на подрачјата на Радовиш.


Петте лица се сомничат дека сториле шест кривични дела „тешка кражба “ и 3 кривични дела „тешка кражба во обид“ во објекти сопственост на  физички и правни лица, лоцирани во  Радовиш и на планината Плачковица.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.

Прочитај повеќе

Радовиш

Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството

Media Press

Published

на

И покрај пандемијата со Ковид – 19 Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството,  рече пратеникот  и претстедател на  ОО на СДСМ  од Радовиш Коле Чаракчиев, на денешната прес конференција. Тој спомна дел од мерките кои ги реалзира владата во

„Владата инвестираше како во човечки капитал така и во ресурси , инфраструктура и опрема, Специјализации заклучно со 2022 година ке добијат некаде околу 930 лица, во исто време е зголемена капитацијата на матичните лекари“, рече меѓудругото Чаракчиев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предизвикан пожар делумно изгореле викенд куќа и помошен објект во близина на река Сушица во Радовиш

Media Press

Published

на

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Прочитај повеќе