Connect with us

Радовиш

Изграден новиот детски парк на просторот позади Основниот суд во Радовиш

Avatar

Published

на

Радовиш доби уште едно детско катче. Изграден новиот детски парк на просторот позади Основниот суд во Радовиш. Остануваат уште некои завршни работи со што целосно ќе биде подготвено за пуштање во употреба. Новиот детски парк е изграден  со средства од донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА, која за таа цел одобри 40 илјади евра. Според онформациите од градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, паркот ќе биде предаден во употреба на 7 јули, кога се очекуваат и високи гости од Турција.

 Граѓаните задоволни што и во овој дел од градот се изгради едно вакво детско катче, кое ќе можат да го користат за одморање и повозрасните.

 Но тие со право се прашуваат дали и колку ќе дотрае, имајќи го искуството од претходните паркови, посебно во населените места каде детските паркови се претворени во депонии со искршени реквизити. Можеби навистина треба да има редари и во градот и по населените места, кои редовно ќе се грижат за јавните добра, бидејќи свеста на граѓаните сеуште не е на високо ниво. Посебно кај тинејџерите кои со уништувањето и кршењето мислат дека прават нешто посебно, или му се одмаздуваат некому.  

Како што најави градоначалникот Конзулов  новиот детски парк   ќе го добие името Тошко Кукутанов. Веднаш до паркот е изграден и паркин простор за потребите на вработените во Основниот суд во Радовиш, како и за потребите на детската градинка.

Радовиш

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право

Avatar

Published

на

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право.

Одбележувањето беше со објавување на резултатите од традиционалниот награден конкурс за ученици од основно образование на тема: ,,Книгата и знаењето – цел универзум” што библиотеката го распиша по повод овој Меѓународен ден.

Во рамките на ова, за најдобра песна беше прогласена творбата на ученичката Јована Ѓоргиева од ПОУ ,,Орце Николов” од село Злеово. За второ наградена песна беше песната на ученикот Ѓорге Газепов од ООУ ,,Крсте Петков – Мисирков” од Радовиш. а третопласирана беше творбата на ученичката Данче Митковска од ООУ ,,Коста Рацин”- од село Подареш.

На останатите учесници на конкурсот како и на менторите на учениците, им беа доделени признанија за учество на конкурсот.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник

Avatar

Published

на

ОУ Никола Карев од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник. Беше одржана свечена академија и спортски натпревари. Исто така беа доделени и награди и признанија за освоени прво второ и трето место во спортски натпревари и во литературен конкурс, како и благодарници за успешна соработка.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовишанец извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село

Avatar

Published

на

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45 годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште неколку пријави за физички напад.

На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе