Македонија
РСБСП: Се организира летна школа за млади мотоциклисти
Објавено на
Од
Media Press
Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги повикува сите млади да се приклучат на едукативната акција насловена како „Летна школа за млади мотоциклисти“.
Акцијата ќе се состои од два дела:
– Теоретска настава која ќе биде организирана online;
– Полагање на тест за познавање на сообраќајните правила и прописи.
Право на учество имаат сите лица на возраст од 16 до 18 години кои не поседуваат возачка дозвола од АМ категорија.
Рокот за поднесување на апликацијата ќе биде отворен до 05.08.2020 година, пријавата се поднесува е-маил адресата: edukacija@rsbsp.org.mk.
Од РСБСП известуваат дека секој од учесниците кои ќе се пријават за учество ќе добијат соодветни материјали за учење. Исто така ќе добијат дополнителни информации за начинот и времето за следење на online наставата и тестирањето.
Ќе бидат доделени ваучери за полагање на АМ категорија за најдобрите 5 кандидати од тестирањето. Најдобрите 15 (вклучително и првите 5 кои добиле ваучер за полагање) ќе добијат ваучер за бесплатна обука во автошкола за АМ категорија и истите ќе бидат со времетраење од една година односно ќе треба да се искористат до 31 август 2021 година.
Сите прашања поврзани со едукативно превентивната акција „Летна школа за млади мотоциклисти“ заинтересираните лица може да ги достават на следнава e-mail адреса: edukacija@rsbsp.org.mk
Поврзани содржини

Младите и TikTok: кога забава станува зависност. Просечниот млад човек поминува повеќе од 700 часа годишно на TikTok

Сопственички на домови за сместување стари лица, им вршеле физичко и психичко насилство со цел да им нанесат физичка и душевна болка

Кривична пријава против поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава за градоначалник и претседавач на општински совет за злоупотреба на службена положба

Возачките дозволи со старото име на државата заминуваат во историјата

ООУ „Орце Николов“ од Ињево организира хуманитарна акција во храна и облека ,,Биди хуман за подобро утре”

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

